Погледнете како македонската ледена кралица се прошета низ Скопје – ваква пазареше и во маркет
Македонската ледена кралица привлече погледи од минувачите.
Студот не ѝ може ништо на Бетика, која си го тера она што си го замислила.
Бети Котовчевска или Бетика, како што е потпишана на социјалните мрежи е девојката која извесно време е главна тема во медиумите.
ФОТО: Фејсбук / Бетика Котовчевска
Бети практикува капење во студени води по примерот на Вим Хоф, екстремен холандски атлетичар кој во светот е познат како Ледениот човек (The Iceman).
Нејзин личен рекорд е капење во студена вода на -33 степени Целзиусови, во Лапонија.
ФОТО: Фејсбук / Бетика Котовчевска
Вљубеник е во природата и обожава да се капе во студените реки и езера во нашата земја, сега на зима.
Многупати има истакнато дека Македонија изобилува со езера и водопади во кои може да се практикува капење во студена вода.
ФОТО: Фејсбук / Бетика Котовчевска
Годинава дури и ѝ е исполни најголемата желба, да учествува во експедицијата во Франција, организирана од Вим Хоф и да се искачи на Алпите и тоа по шорц.
Експедицијата ја предводеше неговиот инструктор Леандре, познат како Леденото момче (Iceboy).
ФОТО: Фејсбук / Бетика Котовчевска
Деновиве таа е во Скопје, каде одлучи да се капе и во студените води на реката Треска, на кањонот Матка.
Освен тоа, Бетика се прошета низ градот целосно боса, па дури таква пазареше и во маркет.