Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете како изгледа сопругата на најголемиот заводник на Балканот – жените луди по него, а тој е во брак со неа веќе 19 години!

Реклама

Важи за миленик на жените, но неговото срце веќе со години и припаѓа само на неговата сопруга Александра.

Пејачот Здравко Чолиќ со неа има две ќерки. Тие се венчаа во 2001 година, а од нивниот брак ги добија ќерките Уна и Лара.

Маркетинг

„Се венчавме на 1 мај потполно спонтано, сите мислеа дека е скриена камера, бидејќи не беше планирано. Долго време бевме во врска, па тоа беше ‘џа или бу’. Почитување и пријателство мора да постои. Врските што траат долго, за оној што знае да ги истурка, не се никогаш лоши, во смисла на заеднички живот“, изјави тогаш легендарниот пејач.

„Па секој маж сака кога некој се грижи за него. Мислам дека тоа беше пресудно. Се запознавме одамна кога ги имавме оние прекрасни мигови на Макарска. Александра студираше во Белград, па продолживме да се гледаме, а со тек на време почнавме и да се забавуваме. Ме освои со својата едноставност и приврзаност. Ми се посвети, мислеше за мене, се грижеше… Човек некако ја препознава таквата личност која повторно радо би ја видел, го фаќа некаква емоција која без зборови му кажува дека и нејзе и е грижа за него. Тоа не можам да го објаснам бидејќи пред тебе може да биде и најубавата и најпаметната жена, а одвај чекаш да заминеш од неа. Виша сила одредува зошто некои луѓе се задно, а други не се. Аурата на Сандра и мојата се препознаа, тоа најверојатно беше сосем доволно за влегување во некоја друга димензија“.

Маркетинг

Тие двајцата имаат складен брак веќе 16 години, а бидејќи неговата сопруга не е јавна личност, речиси никогаш не се појавува во јавноста.

Таа ја презеде улогата на домаќинка, додека нејзиниот сопруг и се посвети на својата кариера и на јавниот живот.

И покрај тоа што имал многу обожавателки кои беа подготвени во секој момент да го „преземат“, тој вели дека никогаш не ја изневерил својата сопруга, и дека таа воопшто не е љубоморна на неговите обожавателки.

„Навистина сум чист и добар. Луѓето мислат, оди тој насекаде, но не е така. Природен сум и нормален. Мојата комуникација со жените е на база на почит. Тоа не значи дека би бил со некоја. Можам да кажам дека сум многу фин и дека мојата сопруга може да се гордее со мене“, изјави Чола во едно негово интервју од пред неколку години.

Тој призна и дека не и помага на сопругата во вршење на домашните работи и дека смета дека тоа е работа за жена.

„Не се разбирам баш во домашните работи. Сандра не работи и тоа е нејзин избор, па нормално е повеќе да се грижи за децата и куќата. Јас не сум и некој проблем. Имам некои свои навики, но околу мене не треба премногу да се грижи. Сметам дека мажот треба да заработува, а на жената да ја препушти одговорноста во куќата, бидејќи жените сепак тоа подобро го прават. И мојата мајка беше таа што ја водеше куќата, а татко ми работеше во полиција, така што таа целата своја енергија ја посвети во воспитување на децата“, го изнесе својот став за семејството и улогата на мајката во него познатиот пејач.

Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ (@unacolic)

Сепак, и во нивниот брак понекогаш знае да дојде до судир, но тие се ретки, краткотрајни и најчесто предизвикани од мали, секојдневни работи.

„Сандра е строга хигиеничарка и ако некогаш дома не ги соблечам чевлите, веднаш настануваат проблеми. Но навистина немаме некои поголеми недоразбирања во нашиот брак. На некои им пречи сé, не може да ја гледа својата сопруга со виклери дома, но мене ништо не ми пречи“.

Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ (@unacolic)

Истата година кога се свршија тие ја добија и првата ќерка Уна, а пет години подоцна ќе се роди и втората ќерка Лара.

Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ (@unacolic)

Здравко и Александра за нив велат дека се многу музикални. Што се однесува до тоа што ретко заедно со нив се појавува во јавност тој вели.

Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ (@unacolic)

„Што значи тоа да се фотографирате за насловна? Немам ништо против кога сме сите заедно на аеродром или некаде слично па да не фотографираат, но ние да се местиме за фотографирање, не сум за тоа. Сите работи во животот доаѓаат спонтано. Мојата постара ќерка гледа дека нејзините врснички се фотографираат и излегуваат во весници, но за неа тоа не е важно. Сепак, кога некој денес ќе стави лајк нешто на социјалните мрежи, тогаш им е драго – вели со насмевка Чолиќ и додава дека заради него никогаш немале протекции на училиште и дека ги воспитале да бидат како и сите други луѓе.

Јас не сум строг родител и тоа е мојот единствен проблем

Да потсетиме, пејачот е во брак со Александра со која застанаа на лудиот камен во 2001 година, па повеќе од 19 години успеваат да ја сокријат својата љубов од јавноста. Покрај 18 годишната Уна, тие ја имаат и ќерката Лара.

Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ (@unacolic)

„Уна е потполно на мене. Но амбицијата што ме држеше мене – да бидам најдобар ученик, најдобар во скок во далечина, најдобар на сто метри и на крај еден од најдобрите студенти со просек 8,6 е поголема од нејзината и целата нејзина генерација. Уна е прекрасна и паметна, баш како и нејзината сестра Лара. Јас не сум строг родител и тоа е мојот единствен проблем. Денес средината повеќе влијае на децата и младината отколку домот. Школото е еден едукатор, градот друг, тука се спортските клубови, кафулињата…“

Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ (@unacolic)

„Уна е иста како мене, ја има мојата генетика и енергија, не ја држи место. Сопругата тоа не може да го разбере, она ја има таа строгост, а јас се наоѓам меѓу два огна. Ми вели еден човек кој има два сина- ‘Леле, Чола јас имам два сина, ти две ќерки, но тебе ти е потешко’. Тоа навистина е малку проблем, посебно за татко што се занимава со оваа работа“, изјави Чолиќ во една пригода за весникот „Вечерње новости“.

Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ (@unacolic)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button