Погледнете како изгледа родената сестра на сопругот на Карлеуша – со снаата е во одлични односи и „фура“ бикини слични на нејзините
Катарина во тешките моменти што им се случија на нејзиниот брат и неговата сопруга беше со нив и им ги чуваше децата.
Како што пренесуваат медиумите од соседството, сестрата на фудбалерот Душко Тошиќ е во одличен однос со својата позната снаа Јелена Карлеуша, па со нив дури оди и на летување, а многу често е гостинка и во нивната луксузна вила што се наоѓа во елитната населба Дедиње.
Еве како изгледа таа:
Тоа дека се во одлични односи покажува и овој костим за капење за кој сме сигурни дека Карлеуша и го препорачала.
Инаку, сопругот на Карлеуша минатата недела отпатува со ќерките во Дубаи каде ужива во луксузен хотел.
Карлеуша и Катарина заедно на одмор
Неговата сопруга остана во Белград, а спортистот ужива со своите наследнички и постојано објавува заеднички фотографии на Инстаграм.
Од нив можеме да видиме колку им е посветен и дека ужива кога е во нивно друштво. Тие се сместени во еден од најскапите хотели каде само појадокот чини 500 евра. Но кога се неговите ќерки во прашање, фудбалерот не ги жали парите.
Тие секојдневно се забавуваат на плажата, каде играат фудбал и други спортови на песокот, се смеат и пливаат со делфини.
На Карлеуша секако дека не и е сеедно што заради обврските не можеше да замине на ова патување, но секојдневно се слуша со нив и е воодушевена од тоа како се забавуваат.