Џејла Рамовиќ, откако победи во „Ѕвездите на Гранд“, направи летна турнеја и успеа да замине на одмор со Марија Шерифовиќ во Шпанија.
Но со почетокот на септември талентираната Босанка мораше да се врати во школските клупи и да го продолжи школувањето.
Само да потсетиме, убавата 17 годишна пејачка по победата во музичкото талент шоу за најмладите „Некои нови клинци“, ја однесе победата и меѓу постарите под менторство на Марија Шерифивиќ. Таа за целото време на натпреварот важеше за фаворит, па така на крајот публиката и жирито само потврдија дека Џејла ја заслужува победата.
Покрај својот неверојатен глас, Џејла ги освои сите и со своето воспитување и примереност кога се во прашање модните комбинации што ги носеше на сцената.
Таа остана истата таква и кога се вати во школските клупи меѓу своите врсници, а деновиве објави фотографија направена додека оди на училиште, од која можеме да видиме дека има преубав стил.
Инаку, Џејла за време на натпреварот цело време добиваше поддршка од нејзините родители и двете сестри.
Џејла е најмладата од нив, но и најталентираната. Таа на социјалните мрежи редовно објавува фотографии на кои е со нив и од кои можеме да видиме дека неверојатно личат една на друга, но и на нивната мајка.