Погледнете како изгледа пеколот заради коронавирусот – нема место во болниците, се слушаат само лелеци. На болните им преостанува само едно
Даниел Мачини е доктор од Бергамо, на северот од Италија, кој преку социјалните мрежи предупреди што може да им се случи на сите останати земји ако во нив значајно се прошири епидемија од корона вирусот.
Како што Ковид-19, односно новиот коронавирус се шири низ Европа, реакциите се различни. Иако Светската здравствена организација ја нагласи сериозноста на ситуацијата, а цела Италија е во карантин, животот во многу други европски земји се одвива речиси потполно нормално. Сепак, докторот Даниел Мачини од Бергамо во северна Италија предупреди преку социјалните мрежи што може да им се случи на сите останати земји ако во нив значајно се прошири епидемија од корона вирусот, пренесува Светскиот економски форум.
Ја пренесуваме неговата објава во целост:
По многу размислување за тоа дали да пишувам за она што ни се случува, сфатив дека молчењето не е одговор. Ќе се обидам да им пренесам на другите луѓе што се случува во Бергамо за време на епидемијата од корона вирусот. Јасно ми е дека паниката не е секогаш најдобро решение, но ми проаѓаат морници кога ќе видам дека сериозноста на ситуацијата не допира до луѓето. Точно се сеќавам на ноќниот повик пред една недела кога чекав резултати од брис и кога бев во паника поради првиот можен случај на заразата. А сега ситуацијата, во најмала рака, е драматична.
Борбата со вирусот буквално ескалира преку ноќ, а битката трае со денови без прекин. Сега потребата за слободен кревет стана очигледна. Почнаа да се пополнуваат сите оддели предвидени за изолација. Плочките со имињата на пациентите, кои инаку имаат различна бојна зависно од одделот, сега речиси сите се црвени. Наместо ознака за операција, гледате дијагноза која секогаш е проклето иста – билатерална пневмонија (воспаление на белите дробови предизвикано од коронавирус).
Сега објаснете ми убаво кој грип може да предизвика вака драматична ескалација? Кај нас се случува епидемиолошка катастрофа. Нема повеќе хирурзи, уролози, ортопеди. Сите станавме дел од единствен лекарски тим кој се соочува со ова цунами. Случаите на зараза буквално се множат, има приближно 15 до 20 дневно. Резултатите од брисевите доаѓаат едни по други: позитивен, позитивен, позитивен. Одделот за итни случаи е пред распаѓање.
Причините за доаѓање на пациентите во болница секогаш се исти: температура, отежнато дишење, треска и кашлица. Радиолошките наоди се исто така речиси идентични: билатерална пневмонија, билатерална пневмонија, билатерална пневмонија. И сите треба да бидат хоспитализирани.
Некој се инкубира и се праќа на интензивна нега. За други е предоцна… Секој респиратор злато вреди. Персоналот е исцрпен. Докторите пренесуваат кревети и префрлаат пациенти наместо медицинските сестри, и тие даваат терапии.
Медицинските сестри се со солзи во очите затоа што не можеме да ги спасиме сите. Според виталните параметри, за некои пациенти веднаш е позната нивната судбина. Нема веќе смени, нема веќе часови. Социјалниот живот ни е на чекање. Веќе не ги гледаме нашите семејства од страв дека ќе ги заразиме. Некои од нас веќе заболеа, и покрај заштитата.
Некои од нашите колеги кои се заразени имаат и заразени роднини, а некои од нив се борат за живот. Значи, бидете трпеливи и внимателни, не одете во театри, музеи или вежбалници. Размислете за старите луѓе кои би можеле да ги заразите и yбиeтe.
Ние се трудиме да бидеме корисни. И вие би требало да го направите тоа: во наши раце се животите на многу луѓе. Ве молам споделете ја оваа порака. Мораме на сите да им кажеме што се случува во Италија.
Ќе завршам со коментар за паниката. Не ја разбирам оваа војна со неа. Единствена причина за тоа, како што гледам, е недостигот на заштитни маски за лице, но и така веќе ги нема во продажба. Немаме доволно студии на оваа тема, но навистина ли паниката е полоша отколку занемарувањето на последиците од епидемија од ваков вид?“, прашува на својот Фејсбук профил Мачини кој работи на интензивна нега во болницата во Бергамо во северна Италија.
Исто така и италијанскиот анестезиолог Кристијан Салароли од болницата „Папата Јован“ од Бергамо испрати драматични апели до граѓаните на Италија во однос на епидемијата од коронавирусот. Докторот во интервју за „Кориер Дела Сера“ раскажува дека ситуацијата е слична како во војна и дека мора да одлучуваат кого ќе лекуваат, а кого не.
Областа каде што се наоѓа Бергамо е едно од првичните жаришта на коронавирусот во земјата, а капацитетите во болницата каде што тој работи се речиси исцрпени. „Тешко е, но ние сме во ситуација да мораме да правиме избор, во зависност од возраста и здравствената состојба. Исто како во воени ситуации, според прирачник за воени ситуации“, вели Салароли. Тој додава дека не сака да крева паника кај населението, но апелира до сите да останат дома. „Останете дома. Останете дома. Неуморно ќе го повторувам ова. Гледам премногу луѓе на улиците. Најдобар одговор на овој вирус е да не се движите премногу и да се мешате во поголеми групи на луѓе. Не можете ни да замислите што сè може да се случи. Затоа, останете дома“.
Според последните податоци, во Италија има 9.172 заразени, а 463 луѓе починаа од коронавирус. Моменталната стапка на смртност на северот на Италија е 5 отсто, што е повеќе отколку првичната проценка од 2 отсто. Според Светската здравствена организација, една петина од заболените има сериозни симптоми и потребно им е болничко лекување. Таквата состојба би можела да доведе до преоптовареност на капацитетите и колапс на здравствениот систем.