Погледнете како изгледа мистериозната братучетка на Јелена Ѓоковиќ
Јелена и Ана се први братучетки …
Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, покрај родената сестра Марија, има и братучетка Ана Богдановиќ со која исто така е многу блиска.
Како и нејзината братучетка, и згодната Ана е слаба на спортисти. Таа неколку години е во среќен брак со поранешниот кошаркар на Црвена ѕвезда и Партизан, Лука Богдановиќ.

Братучетките имаат уште една сличност. Имено, и двете ја сакаат модата, а Ана е успешна модна блогерка. Покрај модата пишува и за своите авантури од патувањата, но и за исхраната. Имено, се залага за правилна и здрава исхрана, па често во нејзините објави на социјалните мрежи можете да видите и фотографии од најразлични специјалитети.

Од бракот со Богдановиќ имаат син Виктор кој се роди во 2015.







