Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете како изгледа мајката на Исидора Бјелица – познатата ПИСАТЕЛКА последните денови ги помина во нејзиниот дом

Реклама

Познатата писателка последните денови од својот живот ги помина во станот на својата мајка и татко.

Мајката на Исидора неодамна прослави роденден, а нејзината горда ќерка тогаш објави фотографија од прославата на социјалните мрежи.

Маркетинг

Нејзината мајка ја надживеа бидејќи познатата писателка во текот на вчерашниот ден ја изгуби битката со тешката болест.

Невенка Ѓуровиќ е ќерка на српскиот академик и писател Душан Ѓуровиќ, а животот го помина како професорка по англиски јазик. Како сопатник во своите патешествија низ светот го избра Димитрија, познат шаховски новинар заради чија кариера малата Исидора „порасна на аеродроми наместо во градинка“, како што истакна во една пригода.

Маркетинг

„Мајка ми е професорка, рационална, прекрасна, благородна жена која ми даде морална стабилност. Бидејќи е англистка и предаваше англиска средновековна книжевност таа работеше на тоа да научам пет-шест јазици“ – раскажа во една пригода во една телевизиска емисија Исидора, додавајќи дека нејзиниот татко Димитрија Бјелица ја подржувал во бунтовништвото, додека нејзината мајка Невенка била онаа што ја „пеглала“ кај професорите кога ќе претерала во нешто.

„Моите родители во периодот на моето детство во Сараево беа поим на модернизмот. Низ нивниот стан поминаа многу интересни луѓе. на мене бебиситерки буквално ми беа луѓе како Боби Фишер, кого јас прв пат го сретнав во гаќи во салонот и го прашав: Кој е овој луд Американец? Потоа големи европски филмски ѕвезди кои повеќе сакале да престојуваат во нашиот стан отколку во хотел. Помеѓу патувањата на татко ми на кои ги работеше тие шаховски теми, има направено и интервјуа со папата, Јуриј Гаргарин, Битлси, Лејди Ди, а јас како мала помошничка секогаш бев тука“, истакна Бјелица.

Исидора зад себе ги остави мажот Небојша Пајкиќ и две деца – Лав Григориј и Вила Евангелина.

Писателката која покрај своите генијални книги беше позната и по екстравагантните шешири што постојано ги носеше и кои со тек на време станаа нејзин заштитен знак, е родена на 10 декември 1967 година во Сараево.

Во 2012 година и беше дијагностициран paк.

Познатата писателка последните два месеци од животот ги помина кај родителите Невенка и Димитрија во Нов Белград. Во овој стан таа заедно со родителите се пресели по прогонот заради војната и бегството од Сараево.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button