Реклама
Home Sweet Home

Погледнете како изгледа куќата во која што живее Џенифер Анистон – ЛУКСУЗЕН ИМОТ од 21 милион долари што остава без здив

Реклама

Куќата има спектакуларен поглед на градот и океанот

Фото: Инстаграм/ Џенифер Анистон

Џенифер оваа куќа ја купи во 2011 година, а истата ја има проектирано и завршено легендарниот Квинси Џонс во 1965 година. Во пространата куќа се наоѓаат четири спални соби, шест тоалети, вински подрум, базен и пансион, а тука се и градините како и спектакуларниот поглед на градот и океанот кој на многумина ќе им го одземе здивот…

Познатата холивудска актерка Џенифер Анистон ги отвори портите на својот луксузен имот во Бел Аир вреден 21 милион долари. Таа тоа го направи со видеото во кое што се подготвуваше за премиерата на својот нов филм „Случен детектив 2“, во Лос Анџелес.

Познатата актерка изгледаше сензационално во сребрениот фустан од Версаче што го избра за овој важен настан.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Џенифер Анистон

Но покрај нејзиниот беспрекорен изглед многумина имаа можност да видат и како изгледа нејзиниот луксузен дом.

Фото: Инстаграм/ Џенифер Анистон

Џенифер оваа куќа ја купи во 2011 година, а истата ја има проектирано и завршено Квинси Џонс во 1965 година.

Маркетинг

Во пространата куќа се наоѓаат четири спални соби, шест тоалети, вински подрум, базен и пансион, а тука е и спектакуларниот поглед на градот и океанот кој на многумина ќе им го одземе здивот.

Фото: Инстаграм/ Џенифер Анистон

Некогаш покрај куќата се простирало и лозје, но тоа сега е трансформирано во вистинска мала оаза.

Фото: Инстаграм/ Џенифер Анистон

На овој простор сега се наоѓа голема тераса и џебни градини инспирирани од Азија во кои познатта актерка ужива во мир и тишина.

Таа во една пригода самата откри дека куќата кога ја купила била реновирана дизајнерот Фредерик Фишер, но тогаш била премногу минималистичка и студена за нејзиниот вкус, па го ангажирала познатиот дизајнер за ентериер Стефан Шадли кој и помогнал куќата да ја претвори во топол дом.

Фото: Инстаграм/ Џенифер Анистон

Џенифер дел од својот дом прв пат пред јавноста го покажа во 2020 година кога на социјалните мрежи објави фотографија од купатилото по доделувањето на наградите САГ и тогаш сите ги фасцинираше луксузната мермерна када и погледот кон огромниот двор во кој се наоѓа базенот.

Фото: Инстаграм/ Џенифер Анистон

Од балконот во спалната соба има неверојатен поглед кон ЛА и океанот, како и на зеленилото со кое што е опкружена.

Фото: Инстаграм/ Џенифер Анистон

Фото: Инстаграм/ Џенифер Анистон

Фото: Инстаграм/ Џенифер Анистон

Фото: Инстаграм/ Џенифер Анистон

Фото: Инстаграм/ Џенифер Анистон

Фото: Инстаграм/ Џенифер Анистон

Поврзано

Back to top button