Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете како изгледа денес учесничката од „Ѕвездите на Гранд“ која тврдеше дека ја исфрлиле поради вишокот килограми

Реклама

Кристина Матањовиќ (22) откако се омажи го носи презимето на своето момче Богдан Тодоривиќ.

Фото: Принтскрин

Пред четири години се натпреваруваше во „Пинк ѕвезди“, а претходната сезона можевме да ја видиме во „Ѕвездите на Гранд“. Но како што самата истакна тогаш, таа не успеа да стигне до финалето поради својата прекумерна тежина. Кристиња тогаш имаше голема желба да направи трансформација и да ослабне 30 килограми.

„Кога ќе дојдете на некој натпревар, треба да бидете подготвени на сé, па така бев спремна и јас. Не бев многу изненадена, очекував дека ќе испаднам. А главната причина им е позната на сите – тоа се моите килограми. Сметам дека изгледот е важен, што се докажа. Најмалку денес во шоу-бизнисот се гледа како пеете, каква харизма имате, важно е добро да изгледате, да носите кратки сукњи, а во суштина она што го поседувате најмалку е важно. До вчера верував дека е можно со талентот да добиете место на естрадното небо, но сега повеќе не верувам во тоа. Затоа сега знам дека изгледот е пресуден за оваа работа“ – изјави Кристина минатата година.
Сепак, Кристина откако паузираше една сезона, повторно се пријави во „Ѕвездите на Гранд“, а како изгледа денес можете да погледнете во продолжение.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

Кога Кристина пред нешто повеќе од 10 години остана без мајка, не беше свесна за нејзиното заминување. Како десетгодишна девојка верувала дека нејзината мајка заминала, но дека ќе се врати, дека повторно ќе ја види нејзината насмевка, дека ќе ги слушне зборовите што постојано и ги кажувала, пеејќи и ги омилените севдалинки, но ваквиот нејзин сон и го сруши реалноста.

Фото: Инстаграм/ Кристина Тодоровиќ

„Заминувањето на мајка ми ми остави голем белег, болка во моето срце. Колку сум постара, се повеќе ми недостига. Во овој период додека се натпреварувам во ‘Ѕвездите на Гранд’ добро би ми дошла нејзината поддршка. Но со поддршка на останатите членови од моето семејство и моето момче, кои се обидуваат да ми ја надоместат празнината, јас успевам да ја совладам болката. Кога таа замина јас имав само 10 години“, изјави Кристиња пред 2 години.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Кристина Тодоровиќ

„Тогаш ми недостигаше многу. Постојано ми недостига. Кога ми е роденден, кога е нејзиниот роденден, слава, Нова година, секој поважен датум, тогаш најмногу ми недостига. Посакувам да можам да ја прегрнам, да и кажам дека сум среќна“, истакна во интервјуто за „Блиц“ Кристиња.

Фото: Инстаграм/ Кристина Тодоровиќ

Кристиња минатата година застана на лудиот камен и се омажи за своето момче Богдан Тодоровиќ.

Фото: Инстаграм/ Кристина Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Тодоровиќ

Поврзано

Back to top button