Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете како изгледа дама што МУ ГО УКРАДЕ СРЦЕТО на најпознатиот македонски пијанист

Реклама

Тој е најдобриот пијанист во Македонија, а таа е негоа најголема поддршка во животот.

ФОТО: Симон Трпчески / Фејсбук

Симон Трпчески е македонски пијанист и универзитетски професор,. Тој е нашето богатство, чоек со кој се гордееме и еден од најдобрите пијанисти на сите времиња.

Дипломирал (2002) и магистрирал (2004) на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје во класата на Борис Романов. Од 2002 година е професор на оваа институција.

Маркетинг
ФОТО: Симон Трпчески / Фејсбук

Настапувал на најреномирани оркестри во Париз, Лондон, Виена, Берлин, Њујорк, Сиднеј, Токио, Хонг Конг и др.

Со својата уметност и виртуозност, Симон Трпчевски стана вистински амбасадор на Република Македонија ширум светот. Со своите успеси даде огромен придонес во збогатувањето на македонските културни вредности и нивната афирмација во светот.

Маркетинг

Симон Трпчевски е роден на 18 септември 1979 година, во Скопје, како трето дете во семејството Трпчески. Пораснал во семејство во кое се негувала љубовта кон музиката, посебно кон староградска песна.

ФОТО: Симон Трпчевски / Фејсбук

Кога родителите му купиле пијанино не можеле ниту да претпостават дека нивниот син ќе стане вистинско македонско богатство и светски познат пијанист.

На гостувањето во Америка во 2007 година беше прогласен за најголемо чудо од Македонија по Александар Македонски.

Таква споредба беше направена уште во статијата на лондонскиот магазин „Пијанист“ во 2005 година, во која медиумите објавија дека Симон Трпчески „го освојува светот на класичната музика, како што Александар го освојувал светот“.

ФОТО: Симон Трпчески / Фејсбук

Негова најголема поддршка низ трнливиот пат по кој чекорел е негоата сопруга Даниела со која е веќе 12 години о брак. Симон и Даниела, која е вистинска убавица се започнале уште во средно училиште. После 10 години во врска се заколнале на вечна љубов. Парот веќе 12 години успешно плови во брачните води.

На нивната љубов може само да се позавиди.

ФОТО: Симон Трпчески / Фејсбук

Тие се вистински пример дека љубота може долги години да се одржува.

Тие стапија во брак во 2008 година и денес ја имаат ќерката Лара и машките близнаци Андреј и Стефан, на кои и двајцата се многу горди.

Неговата избраничка ретко се експонира во јавноста. На социјалните мрежи немаат могу заеднички фотографии.

ФОТО: Симон Трпчески / Фејсбук

„Даниела ме привлече со убавината, оти фала му на Бога, поубава е од мене, ама и со праведноста“, изјави Симон пред неколку месеци во интервју за Репортер. Неговата поубава половина е психолог по професија, и како што вели во шега Трпчески, секојдневно го анализира.

Симон има брат и сестра и како мал заедно со родителите и баба му живееле во стан од 50 метри квадрати.

Фото: Фејсбук/ Даниела Трпческа

Тој во врска со тоа во една пригода ќе изјави:

„Јас пораснав во едно многу скромно семејство, со петчлена фамилија и баба ми дури живееше со нас, во 56 квадратен стан. Во едни такви услови многумина од Запад не би можеле ниту да замислат да креираат сериозна музика, а не пак нешто друго… Така што, мојот пат не беше ни малку лесен до ова денеска, што вие го искусивте во Бајројт“ вели Симон.

Фото: Фејсбук/ Даниела Трпческа

Легендарното студио М1 на Македонската радио телевизија одамна е подзаборавено и оставено во сенка, поради модерната технологија и новиот начин на создавање на музика. И покрај тоа што денес се користат многу ефекти и компјутерите ја олеснуваат работа, ништо не може да замени инструмент и звукот кој истиот го произведува.

Фото: Фејсбук/ Даниела Трпческа

Симон Трпчески одлучи материјалите за неговиот компактен диск да ги сними токму во ова студио.

„Чест ми е што можеме на некој начин да го оживееме ова фантастично студио што Македонската радио телевизија и Македонија воопшто го поседува. Тука во моментов снимаме материјал за нов албум со дела од современата класична литература за камерна музика: „Квинтет“ на Панде Шахов, специјално адаптиран за нас, како и делото „Дивертименто за секстет“ од францускиот композитор Гијом Конесон, во аранжман на нашиот перкусионист Влатко Нушев.

Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески

Со мене се дел од колегите од проектот „Македонисимо“: освен Нушев, Хидан Мамудов и Александар Сомов, како и уште двајца фантастични колеги: нашиот врвен виолинист Ѓорѓи Димчевски и одличниот виолист Сорин Спасинович од Романија.

Се надеваме дека ова ЦД многу скоро ќе излезе под престижната етикета на британскиот „Лин Рекордс“. Драго ми е што овој проект во време на пандемија се остварува со еден поголем тим во кој се и „КултурОп“ и Македонската радио телевизија“, изјави за МРТ Трпчески.

Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески
Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button