Home Sweet HomeLIFESTYLE

Погледнете како изгледа внатрешноста на првиот подводен ресторан во Норвешка

Advertisement

Ресторанот „Андер” се наоѓа  на јужниот брег на Норвешка. Тој на своите гости им нуди прилика – додека вечераат, да уживаат во панорамската глетка во подводниот свет на морето.

Advertisement

Половина од ресторанот е под вода, е другиот дел – над површината.

Концептот на ресторанот нуди фиксно мени за дегустација коешто се менува зависно од годишните времиња. Има капацитет од 40 лица, а свеченото отворање е закажано за почетокот на април. Првите шест месеци се целосно резервирани.

Advertisement

За вечера ќе треба да се издвои околу 230 евра, а ако во нарачката е вклучено и вино, цената достигнува и до 400 евра, бидејќи во земјата има висок данок на алкохол.

Ресторанот е фокусиран на сервирање на високо квалитетна храна. Данол Николај Елитгард е главен готвач, а неговиот тим се состои од 16 дополнителни готвачи и асистенти. 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button