Погледнете како изгледа велигденската трпеза во куќата на Цеца – ГЛАМУРОЗНИ детали, кристален лустер и позлатени предмети
Пејачката покажа како изгледа нејзиниот дом
Познатата фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ прв пат ја отвори вратата на својата вила на Дедиње
Таа за потребите за снимањето на велигденскиот специјал покажа како изгледа еден дел од нејзиниот дом.
Кај Цеца сé беше богато украсено, од декорацијата, па се до разно-разните работи што беа низ домот.
„Мислам дека заслужувам и љубов и внимание, тоа впрочем и секое живо суштество го заслужува“, изјави Цеца во емисијата Премиера викенд специјал, а потоа одговори на новинарот на прашањето и за мажачката на нејзината ќерка Анастасија со фудбалерот Немања Гудељ.
Нека е жива и здрава! Јас само знам дека јас нема да се мажам“, во шега порача пеачката.
Таа во еден момент го покажа и внукот Жељко, кој беше дотеран од глава до пети и цело време се смееше пред камерите.
Инаку, за новата врска на нејзината ќерка со фудбалерот на Севиља, Немања Гудељ, се дозна неодамна.
Таа престојуваше кај него во Шпанија, а на социјалните мрежи можевме да видиме дека е во одличен однос и со неговото семејство. Анастасија потоа се врати во Белград, па заедно со една пријателка замина за Рим, а нејзиното момче наводно ќе ја запознае Цеца откако ќе заврши фудбалската сезона, кога планира да дојде во Белград.
Како изгледаше Цеца од глава до пети во ова издание, но и преубавата водителка погледнете на крајот од галеријата…
Фото: Инстаграм/ Cecagoddess
Фото: Инстаграм/ Cecagoddess
Фото: Инстаграм/ Cecagoddess
Фото: Инстаграм/ Cecagoddess
Фото: Инстаграм/ Cecagoddess
Фото: Инстаграм/ Cecagoddess
Фото: Инстаграм/ Cecagoddess
Фото: Инстаграм/ Cecagoddess
Фото: Инстаграм/ Cecagoddess
Фото: Инстаграм/ Cecagoddess
Фото: Инстаграм/ Cecagoddess
Фото: Инстаграм/ Cecagoddess