Погледнете како изгледаше првиот танц на Вељко и Богдана во салата која „вреска“ од луксуз
Еве како започна прославата за која сите зборуваат

Салата во која се одржа свадбената веселба на Вељко и Богдана изгледаше светски, а за тоа се погрижи тим професионалци кои целиот простор го украсија со цвеќиња, а главен дел од декорацијата беа дрвјата кои излегуваа од масите и на кои имаше повеќе од 100 гранки.
Специјално за свадбата на деценијата од Холандија стигнаа два камиони со цветни аранжмани.
Церемонијата започна така што Вељко и Богдана го одиграа својот прв танц пред гостите со популарната песна „Mirrors“ од Џастин Тимберлејк.
https://www.youtube.com/watch?v=A6H5QvnBSg4&feature=emb_title
Само да се потсетиме, Вељко и Богдана во 16.30 се заколнаа на вечна љубов во храмот Свети Сава в Белград, а потоа во луксузниот хотел Хајат продолжија со свадбената церемонија до доцните ноќни часови.