Погледнете како изгледаше во своите најубави години водителката што оваа недела беше невеста
Убавата водителка сподели нови фотографии од свадбата

Познатата македонска водителка Татјана Стојановска овој викенд го имаше својот најубав ден во животот.
Имено, шармантната водителка и нејзиниот партнер Михаил застанаа на „лудиот камен“ и го кажаа своето судбоносно „да“.
Татјана неколку дена по настанот на социјалните мрежи ги објави и првите свадбени фотографии, на кои ја гледаме како блеска во преубавата венчаница, додека младоженецот носеше класичен костум во светло сива нијанса и сина вратоврска.

Свадбената церемонија се одржа во еден од најпознатите хотели во Скопје, а гостите ги забавуваше бендот „Соната“.

Тие не сакаа за венчавката премногу да зборуваат во јавноста, а изборот падна на истиот датум на кој Михаил ја запроси Татјана.
Водителката сега на своето презиме го додаде и презимето на својот сакан така што сега е Стојановска Китановска.

Инаку, Татјана која многумина веќе со години ја нарекуваат македонската Моника Белучи, својата кариера ја започна пред 30 и кусур години.

Та во 1992 година ја освои титулата Мис Македонија, а потоа и Мис Планета во соседна Бугарија, по што и се отворија многу врати.
Татјана денес важи за една од омилените македонски презентерки, а каде и да се појави плени со својот шарм.

Таа и покрај тоа што ја гази петтата деценија изглед фантастично и како што велат многумина, за неа времето како да не постои.
Впрочем за тоа зборуваат и нејзините фотографии од младоста од кои може да се забележи дека и денес изгледа речиси исто.

Како таа изгледаше некогаш, кога беше прогласена за најубавата жена во Македонија, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Фото: Принтскрин/ Екран
Фото: Принтскрин/ Екран
Фото: Социјални мрежи