Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете како изгледала како невеста Екатерина Захариева, една од најбогатите и најубавите политичарки на целиот Балкан

Реклама

Потекнува од многу богато семејство и навистина е убава, но за жал во животот читала многу „чудна“ литература.

Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, наскоро треба да прослави 15 години од својот брак. Таа на својот профил на Фејсбук во една пригода сподели фотографии од нејзината свадба на која е со раскошен бидермаер во рацете и во прегратките на својот сопруг, Ангел Захариев. Министерката потекнува од богато семејство, а нејзиниот сопруг е еден од сопствениците на архитектонското студио „A and A Architects Ltd“ кое има направено бројни клучни проекти во Бугарија.

Нивната работа, заедно со светски познатото студио Аткинс, е и првиот облакодер во Софија – Капитал Форт, сместен спроти Меѓународниот изложбен центар.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева

Сопругот на Екатерина исто така ги има дизајнирано и Бизнис парк Софија и Станбен парк Софија.

Маркетинг

Екатерина во Бугарија многумина ја нарекуваат челичната дама, а за нејзиниот приватен живот се знае многу малце.

Мистериозна челична дама

За неа скоро и да нема детали од приватниот живот бидејќи е толку многу посветена на работата што велат дека нема кога да води приватен живот. Но, таа вешто од јавноста ја крие својата приватност и за сега тоа ѝ успева.

Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева

Поради нејзините цврсти ставови и непопустливост, често ја нарекуваат челичната дама.

Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева

Екатерина Спасова Гечева-Захариева е родена на 8 август 1975 година, а на позицијата министер за надворешни работи на Бугарија е од 2017 година. Претходно Во 2013 година била министер за регионален развој, а од 18 декември 2015 година била министер за правда до 27 јануари 2017 година.

Откако станала адвокат до 2003 година, таа станала и правен советник во Министерството за животна средина и вода. Влегувајќи во политиката во 2009 година, таа станала министер за регионален развој во владата на Росен Плевнелиев. Кога Плевнелиев станал претседател на Бугарија, тој ја избрал за позиција како еден од замениците на премиерите од март до мај во 2013 година. Таа била заменик-премиер во владата на Марин Рајков.

Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева

Захариева е родена во Пазарџик во 1975 година. Дипломирала и магистрирала на Пловдивскиот универзитет по право.

Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева

Очи широко затворени и Захариева

Таа во последниот период е популарна, но во негативен контекст во нашите медиуми заради нејзините контроверзни и навредливи изјави кон македонскиот народ.

Една од нив е и онаа кога изјави дека Македонија не може да влезе во Европа и да го демократизира општеството, а во исто време да го слави еден од најмрачните диктатори – Тито. „Ако продолжиме да ги затвораме очите кон фактот дека оваа земја продолжува како што замислиле Тито и Сталин, ние со тоа и вршиме услуга на Москва“, изјави Захариева.

Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева

Но таа со оваа изјава предизвика револт, но и потсмев кај нашите граѓани, а богами и кај многумина во соседна Бугарија што можевме да го видиме и од социјалните мрежи.

Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева
Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева
Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева
Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева
Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева
Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева
Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева
Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева
Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева

Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева
Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева
Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева
Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева
Фото: Фејсбук/ Екатерина Захариева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button