Погледнете како изгледала како невеста сопругата на премиерот на МАКЕДОНИЈА – исплови стара фотка од нивната свадба!
Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и неговата поубава полвина, Зорица Заева, веќе долги години се во брак од кој имаат добиено две деца.
Зоран и Зорица минатиот септември прославија 25 години брак, а се познаваат од мали, бидејќи биле и соседи.
Нивната љубовна врска започнала во средното училиште, а по шест години ќе решат да запловат во брачните води.
Тие се генерациски една година разлика, а љубовта ќе се роди во ходниците, на паузите меѓу часовите додека оделе во средното училиште.
Тие како деца живееле во исто маало, зграда до зграда, а интересен податок е и тоа што едно време и двајцата работеле во фирмата на семејството Заеви.
Зорица во една пригода откри дека тие всушност се познавале уште во основно, и тоа познанство еден ден ќе прерасне во сериозна и романтична врска.
Тие ќе решат да започнат врска во 1995 година, кога Зоран ќе ја освои Зорица со својот изглед, а потоа и со својот карактер.
На последната година од студиите ќе решат да живеат заедно, а по некое време Зоран ќе ја запроси.
Како тие изгледаа на денот на свадбата погледнете од фотографијата во продолжение:
Набргу откако ќе запловат во брачните води ќе се роди нивната ќерка Александра, а по неколку години и синот Душко.
Зоран и Зорица Заеви минатиот септември прославија 25 години од бракот, а неодамна на интернет се појави и фотографија од нивната свадба.
Од фотографијата можеме да видиме дека Зорица на помлади години неверојатно многу личи на својата ќерка Александра.
Фото: Принтскрин/ (Приватна архива)