Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете како изгледаат сопругата и ќерките на легендарниот Жељко Самарџиќ – тој е 35 години во брак, а ова се неговите убавици

Реклама

Таа му е најголема поддршка во животот

Фото: Инстаграм/ Жељко Самарџиќ

Познатиот пејач Жељко Самарџиќ веќе 35 години е во среќен брак, а неговата сопруга Маја ретко се појавува во јавноста

Но тој деновиве се вклучи во емисијата „Премиера – Викенд специјал“ и ја покажа својата сопруга.

Маркетинг

Пејачот откри дека по три месеци ќе ја напушат Црна Гора и се враќа во Белград,

„Тукушто се спакував, со својата сопруга Маја тргнуваме за Белград по три месеци на море. Ни недостигаат пријателите“, изјави Жељко во емисијата.

Тој истакна дека се придржувал до сите пропишани мерки заради коронавирусот и дека се уште се придржува до нив.

Маркетинг

„Каде и да одевме, во џеб ни е маската, и до тоа и понатаму се придржуваме, тоа е многу важно. Успеавме да направиме еден прекрасен спот, прекрасна песна што Жера ја донесе. Ние сме задоволни како помина, се појави на Јутјуб, на луѓето им се допаѓа, ни поаѓа за рака да ги поврземе луѓето на просторите од поранешната Југославија“, изјави Жељко. Тој потоа зборуваше и за тоа каква е ситуацијата во Црна Гора и како го поминувал своето време на море.

„На море беше прекрасно, малку имаше дожд, но денес е сончево. Јас сум вљубен во морето, сакам да рибарам, да се дружам со рибарите, не е исклучено повторно да се вратам во Котор бидејќи е сезона на риболов“.

„Но Белград ми недостасува многу, одвај чекам да се вратам“ изјави популарниот пејач во емисијата.

Фото: Инстаграм/ Жељко Самарџиќ

Инаку познатиот пејач во една друга пригода, даде една мошне интересна и пред се џентлменска изјава за жените за која се уште се зборува во медиумите. Имено, тој тогаш изјави дека мажите мораат интимата која што ја делат со своите партнерки да ја чуваат само за себе и дека ниту еден вистински маж за тоа НИКОГАШ не зборува во јавност.

„Тоа обично го прават оние кои не се сигурни во себе. а гадно е кога жените ќе го пофалат оној што бил пред тебе. Тоа е ужас. Кога мислите дека сте најдобар на свет, а таа во муабет ќе ја промени темата. Мислам дека токму во овие моменти на секој маж му е нејтешко на светот“, изјави пејачот и додаде дека некои тајни сепак ќе ги зачува само за себе.

Фото: Инстаграм/ Жељко Самарџиќ

Во продолжение погледнете како изгледа и неговата наследничка…

Фото: Инстаграм/ Жељко Самарџиќ
Фото: Инстаграм/ Жељко Самарџиќ

Познатиот пејач од бракот со Маја има три ќерки.

Од нив Сања и Даниела не сакаат да се експонираат во јавност, за разлика од нивната сестра Миња, која до пред неколку години беше дел од јавниот живот.

Фото: Инстаграм/ Жељко Самарџиќ

Миња Самарџиќ својот талент за пеење го наследи од познатиот татко и уште во 2010 година ја сними првата песна.

Фото: Инстаграм/ Жељко Самарџиќ

После тоа продолжи да снима песни, а во 2015 година издаде и албум. Меѓутоа по некое време реши да се од медиумите, но не крена целосно раце од пеење.

Фото: Инстаграм/ Жељко Самарџиќ

Таа и натаму се занимава со музика, но за неа многу ретко можеме да прочитаме во медиумите.

Фото: Инстаграм/ Жељко Самарџиќ

Миња, освен музичкиот талент, од другите сестри се издвојува и по специфичниот изглед. Таа исто така сака да си игра со својата коса и постојано го менува имиџот, со што несомнено потсетува на нејзиниот познат татко.

Фото: Инстаграм/ Миња Самарџиќ
Фото: Инстаграм/ Миња Самарџиќ
Фото: Инстаграм/ Миња Самарџиќ
Фото: Инстаграм/ Миња Самарџиќ
Фото: Инстаграм/ Миња Самарџиќ
Фото: Инстаграм/ Миња Самарџиќ
Фото: Инстаграм/ Миња Самарџиќ
Фото: Инстаграм/ Миња Самарџиќ
Фото: Инстаграм/ Миња Самарџиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button