Реклама
Вирално

Погледнете како изгледаат плажите во Грција: Да не се изненадите ако прво ве однесат во непознат хотел

Реклама

Откако успешно се справи со пандемијата од коронавирус, Грција стана една од првите земји кои ја отвори сезоната за туристи.

Сѐ уште не е познато како која земја ќе ја усклади својата туристичка понуда во однос на пандемијата, но за македонските туристи секако најатрактивна е Грција. Атинската а Акти Воулас е една од најпосетените кога се во прашање атинските плажи. Добро организирани и полна со содржини, обично лесно ги мами туристите, но не и овој викенд.

Маркетинг

Утро на оваа плажа изгледа вака – никој не си легнал на сонцето, освен неколку минувачи.

На сите плажи јасно е истакнат правилник кој гласи дека оддалеченоста меѓу два чадори за сонце мора да биде 4 метри, забрането е да се поместуваат лежалките под чадорот, а во кафулињата, на штандовите и во сите места каде се формира ред, муштериите мора да држат растојание од метар и пол.

Маркетинг

Халкидики и Тасос забрзано се подготвуваат за секој нов гостин. Така овие денови на плажите во Пефкохори, Неос Мармарас и на островот Тасос се забележани првите капачи. Грција е една од првите земји во кои се отвори сезоната за туристи. Имаа одлични резултати во сузбивањето на епидемијата, поради која беа во предност со подготовката за туристи.

Што се однесува до правилата, моментално е задолжително за секој патник кој влегува во Грција да биде тестиран на вирусот и една ноќ да преноќи во одреден хотел избран за сите видови тестирања. Посетителите кои добиваат негативен резултат мора да се самоизолираат недела дена, а ако се позитивни мора да поминат 14 дена во карантин.

Од 15. јуни Грција најави попуштање на овие мерки во зависност од тоа од каде доаѓаат туристите.

-Сега се подготвуваме за следниот голем чекор што е отворање на сезонските објекти и портите на земјата за нејзините посетители. Од 15 јуни ќе ги пречекаме туристите од аеродромите што се на листата на Европската организација за безбедност во воздухопловството и се со низок епидемилошки товар. Истиот ден, освен на аеродромот во Атина, одново започнуваат летови и кон аеродромот “Македониа” во Солун, додека пак на 1 јули се отвораат сите аеродроми во нашата земја, рече портпаролот на грчката влада Пецас.

Паралелно повтори дека безбедноста на сите, како на туристичките работници, така и на локалното население на туристичките дестинации и на посетителите, “претставува основен владин приоритет”, но и истакна уште еднаш дека ова лето нема да биде исто како ланското.

Инаку, земјата има уште чекори да направи на патот до “новата нормалност”.

-Да не се опуштиме, бидејќи ако се опуштиме, ќе го платиме тоа. Еден месец по карантинот, епидемиолшката слика на земјата останува добра. Но, тоа не нѐ смирува. Не завршивме со коронавирусоит. Нашето внимание, со ист интензитет го насочуваме како кон внатрешноста, така и кон надвор, истакна Пецас.

Грција ќе ги интензивира контролите и ако е неопходно ќе преземе дополнителни мерки на локално ниво.

Поврзано

Back to top button