Погледнете како Емина Јаховиќ во Дубаи ужива во луксузот и носи само БРЕНДИРАНИ чанти вредни преку 8000 евра (фото)
За неа НЕМА криза
Познатата пејачка Емина Јаховиќ покажа како изгледа луксузната дрвена куќа во која ужива и на сите им посака „Добро утро“. Но таа не сакаше да открие каде се наоѓа местото, иако многумина претпоставуваат дека е во Дубаи.
Сепак, Емина не издржа, па објави и неколку позерски фотографии со кои откри дека се наоѓа во Дубаи.
Инаку, пејачката овие денови е во фокусот на јавноста заради проблемите со кои се соочува со својот поранешен сопруг.
Како што самата изјави, пејачот Мустафа Сандал наводно не сакал да го плаќа износот од алиментацијата за кој претходно се договориле, а пејачката била шокирана кога била болна од корона, и кога дознала дека поранешниот сопруг не го платил здравственото осигурување на децата.
Ова очигледно ја натера Емина да замине на поубаво место каде би можела да си ги наполни батериите.
Откако ја објави фотографијата на својот профил на Инстаграм, нејзините фанови беа воодушевени па следуваа бројни коментар на нејзина сметка.
„Преубава си“, „Ни го одземаш здивот“, „Дубаи никогаш не бил толку убав“, се само некои од комплиментите под фотографиите.
Пејачката ги воодушеви и со комбинациите што ги носеше, а во центарот на вниманието беа нејзините чанти.
Првата вреди 3700 евра, а втората 4200.
Погледнете уште неколку луксузни изданија на Емина и кажете ни што мислите за нејзиниот стил?
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ