Тие и овој пат не можеа да одолеат а да не објават заеднички фотографии од нивното патување низ Европа
Ева Заева, убавата струмичанка која својата популарност ја стекна благодарение на социјалните мрежи, но и затоа што му е внука на премиерот Зоран Заев, во моментов е на својот летен одмор.
Таа со своето момче замина на летување, а фановите ги воодушеви си своите фотографии на кои се забележани дел од нивата авантура.
Имено, тие патуваа со мотор (нејзиното момче Душко Чифлиганец е страстен љубител на брзи мотори), а на своите профили на социјалните мрежи редовно објавуваат фотографии од дестинациите што ги посетуваат при ова нивно заедничко романтично патување.
Од фотографиите можеме да видиме дека нејзиното момче се обидува во секој момент да и угоди на саканата и да и ја исполни секоја желба, а како тие уживаат можете да видите во продолжение.
Инаку, ова не е прво заедничко патување на Заева со саканиот Душко. Тие и минатото лето беа на неколку романтични дестинации од кои исто така објавија неколку фотографии на своите профили од кои можевме да видиме дека уживаат ви секој момент поминат задно.