Погледнете како деца од 5 до 15 години со песна од ЕКВ ги расплакаа сите – најемотивниот момент на Егзит
Вакви емоции никој не очекуваше
„Ово је земља за нас и све наше људе“, порача детскиот хор „Вокал Кидс“ од Панчево на Главната бина на Егзит на самото отворање
Никој во публиката не остана рамнодушен кога детскиот хор започна да ја пее популарната песна на Екатерина Велика.
Како што објави српскиот портал „Нова.рс“, за овие деца и за нивната порака се уште се зборува, а основачот на хорот и диригентот Јелена Цветиќ за „Нова.рс“ ги сподели впечатоците и како течеле подготовките за настап на децата пред повеќе од 40.000 луѓе во публиката.
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Хорот „Вокал кидс“ функционира десет години и како што пишува „Данас.рс“, многу е активен на најразлични манифестации.
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Сите децата што се дел од хорот се на возраст од 5 до 15 години, а на репертоарот што ги изведуваат најчесто се авторки песни, како и обработки на познати рок и поп нумери.
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Како што вели Јелена, тие биле поканети на Егзит само пет дена пред настапот, но успеале да се подготват и да ги воодушеват сите.
Фото: Принтскрин/ ТикТок
Фото: Принтскрин/ ТикТок
„Ова секако е најголемиот наш настап и мислам дека се уште не сме ни јас ни децата свесни дека пеевме пред 40.000 луѓе“.
@zdravopancevo Otvaranje EXIT-a, nastup hora “Vokal kids” i hora OŠ “Stevica Jovanović” iz Pančeva EKV – Zemlja #foryou #fypシ #petrovaradin #novisad #serbia #exit2023 #exitfestival #choir #kids #ekv #ekatarinavelika #ovojezemljazanas
„Организаторите навистина се потрудиле околу нашите 50 дечиња и ни го осмислија целиот ден, кој излезе како одличен излет“, изјави Цветиќ.
„По настапот младите ленови, несвесни за ваков голем настан за нив, ме прашаа: ‘Јецо, зошто сите толку врскаа, како никогаш да не слушнале за Вокал Кидс’. Песната Земја од ЕКВ има силна порака, а во изведба на детските гласови предизвикува големи емоции, па од тука и солзите во публиката“, заклучи диригентката Јелена Цветиќ.