Погледнете како „Девојката со крилја“ го успива своето бебе – ќе се ВООДУШЕВИТЕ, малата Лара ужива во нејзините прегратки!
Дејана Бачко, попозната како „Девојка со крилја“, е родена без раце, а неодамна се оствари и во улога на мајка.
Таа не престанува да го воодушевува регионот, посебно откако со нејзиниот партнер, Марко Незиќ станаа родители.
Тие добија девојче на кое му го дадоа името Лара, што потекнува од грчкиот јазик и значи победа.
Оваа фасцинантна мама на својот профил на Инстаграм има преку 200.000 следбеници, а откако стана мајка објавува фотографии и снимки од наследничката. Така беше и овој пат која објави снимка од која можеме да видиме како го успива бебето и никого не остави рамнодушен.
Малата Лара лежи во нејзиниот скут, таа ја лула, а во заднината се слуша детска песна.
Инаку, Дејана и покрај својот хендикеп може потполно нормално да ги прави сите дневни обврски.
Таа неретко објавува фотографии и од тоа како слика, плива, тренира, и сите овие работи ги прави со помош на нозете.
Таа одамна ја избра борбата како модел на однесување и со својата упорност стана предмет за восхитување на многумина.
„Јас сé научив да работам со нозете, така што за мене само небото е граница. Не сум за џабе девојка со крилја. Името девојка со крилја го користам затоа што можан да полетам каде и да посакам. И затоа што наместо раце, имам крилја, јас така се гледам“, изјави Дејана во една пригода за РТС.
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко