Новата колекција манекенките ја прошетаа боси на песок, покрај бранови од океанот и тоа сред изложбениот простор во познатата палата, во центарот на Градот на светлината.
Карл притоа не заборави ни на синото летно небо, а за впечатокот да биде посилен беше користена и вистинска вода, па и дрвен мост. Имено, генијалниот Карл лагерфелд ја претстави новата колекција на Шанел за пролет-лето 2019 во изложбениот салон на Гранд Палас во Париз кој го претвори во плажа. Сценските реквизити што се користеа создадоа вистинска илузија и ја воодушевија публиката, а ревијата на плажата во музејот ја отвори миленичката на Лагерфелд и соработничка 17 годишната Каја Гербер. Помеѓу многубројната публика седеа Памела Андерсон, Попи Делевињ, Ванеса Парадис, Фарел Вилијамс и многу други познати личности од сите краишта на светот.
Повеќе за колекцијата и оваа необична ревија одржана на плажа во центарот на Париз која всушност е дворец дознајте од фотографиите.