Погледнете како Гавазова го изненади својот сакан – вистинска домаќинка, мелем за очи и душа
И додека на настапите најчесто е во провокативни изданија, за неа велат дека приватно е потполно друга жена
Популарната фолк-пејачка Сузана Гавазова откри како таа го минува 1. Мај, Меѓународниот ден на трудот.
Имено, Сузе на својот профил објави снимка од неколку преубави јадења што го направила додека во позадината се слуша песната „Ко ради не боји се глади“ од група „Камен на камен“.
Пејачката очигледно празникот планира да го помина како и сите останати, со своите најблиски, и да ужива во богатата трпеза.
Таа пред две недели ги спакува куферите и замина во Австралија каде заедно со група Молика и уште неколку познати музичари (Мишел Трјковски, Џамбо Агушев и Мајкл Карадаковски )имаше одлична турнеја, а деновиве не зборави и да им се заблагодари како на организаторите, така и на нејзините бројни фанови од оваа земја.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Гавазова исто така не заборави да и се заблагодари и на својата колешка Татјана Лазаревска со која се виде во Австралија, но и да ги поздрави и сите останати Македонци што живеат во ова земја потсетувајќи ги дека се враќа дома само со убави спомени и незаборавни моменти.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Потсетуваме, Гавазова наскоро повторно заминува од Македонија, а причината овој пат ќе биде вистинско изненадување за нашите во Швајцарија.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Имено, пејачката на 18.05 заедно со Драгана Мирковиќ и Мирослав Илиќ ќе одржат голем концерт во Берн.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Оваа вест пријатно ги изненади нејзините бројни фанови, посебно оние што живеат и работат во оваа земја.