Наши ѕвезди

Погледнете како водителката на Сител носи тесни фармерки

Advertisement

Нашата позната водителка во уште едно шик издание

Фото: Инстаграм/ Јована Стојменовиќ

Шармантната водителка на утринската програма на Сител, Јована Стојменовиќ, на социјалните мрежи објави фотографија на која позира во преубаво есенско издание. Имено, таа носи тесни фармерки во комбинација со црни салонки со тенки високи потпетици, а целото издание го заокружи со црвен кармин и предимензионирано црвено сако.

Advertisement

Инаку, таканаречените „скини џинс“ веќе со години важат за едни од најпопуларните модели на фармерки.

Во прашање е модел кој потполно ја следи линијата на нозете и кој во преден план го истакнува убавото женско тело. И покрај тоа што на прв поглед „звучат“ едноставно, тие се мошне ефектни и лесно се комбинираат и секогаш изгледаат мошне женствено и атрактивно.

Фото: Инстаграм/ Јована Стојменовиќ

Тоа очигледно го знае и Јована која ова секојдневно парче го направи ефектно како со изборот на вистинските модни додатоци, така и со нејзината преубава фризура украсена со благо виткани прамени.

Advertisement

Па, дали ви се допаѓа ова издание на Јована?

Прочитајте го и нашето интервју со Јована >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button