Реклама
Вирално

Боки 13 со чантата од Луј Витон повторно ги сруши социјалните мрежи

Реклама

Пред неколку часа на интернет се појави видео на кое може да се види како Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од милионерот Орце Камчев.

Фото: Принтскрин

Откако Бојан Јовановски попознат како Боки 13 беше уапсен заедно со Зоран Милевски (Зоки Кичеец) во медиумите веднаш се појавија и фотографии од тоа како наводно изгледала чантата во која Боки ги примил парите. Во медиумите се шпекулираше дека Јовановски кој сега се соочува со обвинение за примање награда за незаконито влијание, како и за перење пари и друга имотна корист стекната со нелегални дејности, парите од Камчев ги земал во луксузна чанта од Луј Витон која чини околу 3500 евра.

Ова подигна голема прашина кај нас, па многумина се прашуваа како можел Боки во една женска чанта да собере 1.5 милиони евра, и тоа во банкноти од по 50 евра.

Маркетинг

Весникот „Вечер“ дури објави и фотографија од чантата, но оваа вест никој не ја потврди, ниту пак демантираше.

Фото: Vecer.mk

Но деновиве италијанските медиуми објавија видео од моментот кога Боки и Зоки со полна торба пари излегуваат од домот на милионерот Орце Камчев. Видеото го објави италијанскиот весник La Verità  во кое јасно се гледа броењето на парите, како и излегувањето на Боки 13 и Зоки Кичеец од кај Орце. Притоа е пуштен и дел од разговорот меѓу Боки и бизнисменот, каде Боки му објаснува на Камчев дека најдоцна до понеделник, вторник ќе биде слободен.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

„Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го продужува, да го удолговлекува, понеделник вторник вие сте на слобода“ му вели Боки на Камчев.

Погледнете за што станува збор:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button