Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете како Благица Павловска, Маријана Новачевска и Татјана Лазаревска се забавуваат во Австралија (фото)

Реклама

Фолк пејачката Татјана Лазаревска имаше интересни гости

Познатата македонска пејачка на народна музика, Татјана Лазаревска, која сите ја паметиме по песните „Аце, Аце“ и „А бре чичо“ веќе неколку години живее во Австралија. Таа со својот сопруг Новица Василевски во 2015 се пресели од Македонија заедно со нивните два сина, а како што самата во една пригода изјави, први комшии и се Тошо Малерот и Марјана, сестрата на Росана.

Маркетинг

Татјана во Австралија работи како воспитувачка во градинка, но и редовно настапува во македонските клубови, а мошне е активна и на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Како си поминува во Австралија и со кого се дружи можеме да видиме и од нејзините последни фотографии.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Татјана Лазаревска

Имено, Татјана деновиве објави неколку фотографии на социјалните мрежи на кои е заедно со нејзините колешки, Благица Павловска и Маријана Новачевска.

„Музичко пријателство без граници… живи легенди“, напиша познатата фолк пејачката алудирајќи на своите пријателки.

„Толку убавина на едно место, да ви трае пријателството“ им порача еден обожавател под фотографиите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button