Погледнете како Благица Павловска го уреди својот дом за празникот Пресвета Богородица
Македонската фолк-дива покажа како го украси домот за празникот.
Благица упати порака до целиот народ.
Познатата македонска фолк-дива Благица Павловска важи за голем верник и редовно се огласува на Фејсбук за големите христијански празници.
ФОТО: Фејсбук / Багица Павловска
Целиот нејзин дом е украсен со икони.
По повод големиот празник Пресвета Богородица таа објави фотографии на Фејсбук и покажа дека на масата во својата дневна соба ставила голема икона од Богородица, а пред неа запалила кандило.
ФОТО: Фејсбук / Багица Павловска
Исто така голем дел од нејзината дневна соба зафака и статуата на Богородица, а на ѕидовите има закачено уметнички слики со Исус.
„Пресвета, Пречиста, Преблагословена Мајко Божја, нека е благословен празникот твој, успение твое Пресвета владичице. Благословен нека е денот и народот твој. Слава на тебе во век и векова. Простување на гревовите наши, мир во душите, мир во домовите, мир во светот, љубов и соживот меѓу народите. Амин“, напиша Благица на Фејсбук.
ФОТО: Фејсбук / Багица Павловска
ФОТО: Фејсбук / Багица Павловска
ФОТО: Фејсбук / Багица Павловска