Никој не можеше да остана рамнодушен на ова прекрасно издание на убавата Анастасија
Светлана Цеца Ражнатовиќ додека ги дочекуваше гостите за славата Свети Никола беше облечена во црно и закопчана од глава до пети, за разлика од нејзината наследничка која носеше далеку поопушено издание.
Имено, Анастасија на Инстаграм сподели видео од кое можеме да видиме дека носеше преубав фустан со голи раменици кој го стави во преден план нејзиното убаво тело.
Маркетинг
За разлика од неа, Цеца гостите ги пречека во црн свечен костум, со трубачи кои свиреа пред куќата.
Таа годинава на својата маса ја имаше и снаата Богдана, па не заборави да истакне дека е пресреќна што сега и таа е со нив и што наскоро ќе добијат принова.