Погледнете какви убавици се ќерките на Саша Матиќ – тие се неговата НАЈГОЛЕМА ГОРДОСТ, а оваа жена му е најголема поддршка

Пресреќен е во какви девојки пораснаа неговите ќерки…

Саша Матиќ по повод 8. Март одржа концерт во преполнетата белградска „Штарк арена“, а покрај бројните колеги и пријатели се појавија и неговите две ќерки Александра (20) и Тара (16), заедно со нивната мајка.
Познато е дека неговото семејство му се најголема поддршка, а овој пат ќерките заедно со мајката го бодра од првиот ред.
Тие пораснаа во вистински убавици, а од нивните лица може да се види колку се горди на својот татко на кого му се ветер во грбот.
Од друга страна и пејачот е горд на сé што има постигнато до сега во животот, но најмногу на своето семејство.

„Колку малку време поминувам со ќерките заради работата, тие би требало да бидат најневоспитаните деца, но искрено, за нивното одгледување повеќе се занимава сопругата и многу сум задоволен во какви девојки пораснаа“, изјави Саша во една пригода, а на прашањето како се уште ја освојува својата сопруга, со која повеќе од две децении е во брак, вели:
„Многу малку зборувам за тие работи, но можно е музиката да е еден од моите адути. Сакам максимално да давам сé од себе, но и тоа да ми се врати, па тука го наоѓаме балансот“, беше потполн искрен тогаш пејачот.

А колку тој максимално дава сé од себе и кога е во прашање неговата публика покажа и на својот последен концерт.

Тој направи вистински спектакл, а по концертот се огласи на Инстаграм и по повод празникот им порача на сите жени:

„Вие не сте послабиот пол, бидејќи сета сила на светот ја носите во себе. Вие сте потпора. Столб на сé и темел. И никогаш не заборавајте колку вредите, можете и знаете. Драги мои дами, секој дене ваш, но среќен ви 8.Март. Концертот вечерва е за вас. Зарад сé што сте. Заради сé што поднесувате и преживувате. Заради сите ваши успеси и нежности кои овој свет го прават поубаво место“, напиша пејачот во рамките на своите „Инстаграм приказни“.
Фото: Инстаграм/ Саша Матиќ
Фото: Инстаграм/ Саша Матиќ
Фото: Инстаграм/ Саша Матиќ
Фото: Инстаграм/ Саша Матиќ
Фото: Инстаграм/ Саша Матиќ
