Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете каква убавица е ќерката на Ава и Пепи Бафтировски – ќе се воодушевите и од нивниот син, изгледа како манекен!

Реклама

Ја наследи убавината од својата мајка

Иако повеќе не е дел од овој свет, тој остана да живее во срцата на публиката преку неговите песни.

Маркетинг

Пепи Бафтировски беше еден од најголемите ѕвезди во Македонија, а зад себе остави многу песни по кои ќе остане запаметен засекогаш.

Нема човек во земјава кој не ги знае антологиските „Ако згрешам нека изгорам“ и „Сине мој“.

Маркетинг

Она што малкумина го знаат е тоа дека и покрај тоа што Пепи беше огромна ѕвезда во Македонија, тој беше незадоволен од третманот кој го добиваше овде, па токму затоа одлучи да ја напушти нашата земја.

Најголема љубов на легендарниот пејач беше неговата сопруга Ава Керш. Круна н љубовта се нивните две деца, синот Емил и ќерката Марина.

Пепи и Ава беа еден од најпопуларните парови во тоа време и медиумите постојано пишуваа за нив.

Најмногу внимание привлекуваше разликата во годините меѓу Пепи и Ава. Убавата и недолива Керш препознатлива по својот ексцентричен и необичен изглед во тоа време, успеа да го освои срцето на Пепи.

ФОТО: Ава Керш / Фејсбук

Во потрага по подобар и подостоинствен живот од тој што го имаа тука, тие одлучија да заминат во Америка.

Таму, Ава се вработи во болница, а Пепи се вработи како менаџер на обезбедувањето во истата болница.

Недолго после тоа, за жал, нивната љубов заврши и пејачот и Ава одлучија да се разведат. По некое време Пепи тешко се разболува, добива рак на белите дробови.

ФОТО: Ава Керш / Фејсбук

Најголема поддршка целиот тој перио секако му беа Ава и децата. И покрај тоа што беа разведени, Ава никогаш не го остави и до последен момент беше со него.

Иако многу од медиумите пишуваа дека Пепи пред крајот имал многу тежок живот, бил сам и осамен и дека неговите наводни пријатели го заборавиле, негоата сопруга го докажа спротивното.

На само 66-годиша возраст Пепи ја губи битката со канцерот. Погребот се случи во Чикаго.

Ава заедно со децата продолжи да живее во Чикаго, а она што мора да се признае дека до ден денес ја има задржано автентичната убавина.

Згодна, со бујна руса коса, детска насмевка и мили очи, Ава потетуваше на популарната Мерлин Монро.

Таа има завршено медицински факултет и сега работи како координатор на научни студии за ракови болести.

ФОТО: Ава Керш / Фејсбук

Таа во некои свои интервјуа има кажано дека работата премногу ја исполнува, но дека никогаш нема да се откаже од својата љубов – музиката. Таа секако и понатаму е во контакт со некои музичари во Македонија.

Нејзиниот темперамент и весел дух не ѝ дозволува да мирува. Ава денес одлично е снаоѓа и во модерние танци.

ФОТО: Ава Керш / Фејсбук

-Во 1989 година за прв пат снимав аудио касета во МРТВ. Тогаш немаше доволно услови за истакнување во областа на модерниот танц, но во Америка се нуди цела палета на можности. Учествував и во повеќе мјузикли, но поради состојбата со корона вирусот сега морав да паузирам, многу настани се откажани – раскажа Ава за медиумите.

ФОТО: Ава Керш / Фејсбук

Нејзина најголема мотивација во животот се секако нејзините две деца.

Таа понекогаш знае да сподели и нивни фотографии а социјалните мрежи, преку кои може да се забележи дека Емил и Марина прераснале во зрели личности, деца на какви секој родител би бил горд.

ФОТО: Ава Керш / Фејсбук

Според фотографиите кои ги има објавено на социјалните мрежи може да се забележи дека синот на Ава и Пепи, Емил е вистински убавец.

Тој е студент по медицина на Универзитетот во Чикаго.

ФОТО: Ава Керш / Фејсбук

Доста е посветен на својата професија, но и на одржувањето добар физички изглед.

Марина пак, ќерката на Пепи и на Ава е мажена и има две деца машки деца.

Она што може да се забележи е дека е копија на својата мајка и ја има наследено нејзината убавина.

ФОТО: Ава Керш / Фејсбук
ФОТО: Марина Гаштески / Фејсбк
ФОТО: Ава Керш / Фејсбук
ФОТО: Емил Бафтировски / Фејсбук
ФОТО: Емил Бафтировски / Фејсбук
ФОТО: Емил Бафтировски / Фејсбук
ФОТО: Емил Бафтировски / Фејсбук
ФОТО: Емил Бафтировски / Фејсбук
ФОТО: Ава Керш / Фејсбук
ФОТО: Ава Керш / Фејсбук
ФОТО: Ава Керш / Фејсбук
ФОТО: Ава Керш / Фејсбук
ФОТО: Ава Керш / Фејсбук

Поврзано

Back to top button