Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете каква убавица е сестрата на новиот зет на Цеца – и таа е СПОРТИСТКА, а имаат и брат кој исто така е фудбалер!

Реклама

Цеца одвај чека да го запознае новиот зет

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Откако раскина со Ѓорѓе Куљиќ, со кого беше пет години во врска, Анастасија Ражнатовиќ повторно е заљубена.

Младата пејачка сега е во врска со фудбалер на Севиља, Немања Гудељ, а првите нивни заеднички слики на социјалните мрежи деновиве ги објави неговиот брат, кој исто така е фудбалер.

Маркетинг

Но Немања има и помала сестра, Вања, која е тенисерка, а која очигледно одлично се согласува со новата девојка на својот брат.

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Имено на Инстаграм се појавија неколку нивни фотографии на кои можеме да видиме како Анастасија ужива со Вања додека се шетаат низ преубавиот шпански град.

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

„Девојки разнобојни“, напиша Анастасија под нивната заедничка снимка алудирајќи на маичките што ги носат.

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Можеме да видиме и дека Анастасија за прошетка низ Севиља носеше атрактивна комбинација, а посебно внимание привлече со нејзината чантичка од Фенди (Fendi Baguette Pink Canvas) која чини 499 долари.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Инаку, пејачката се запозна со семејството на Немања и може да се види дека се во одличен однос, а според медиумите фудбалерот ќе ја запознае Светлана Цеца Ражнатовиќ за Велигден кога ќе биде во Белград.

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Според извори блиски до младиот пар, сите во семејството Гудељ се воодушевени од новата девојка на Немања, а бидејќи станува збор за семеен човек, без скандали и флеки во кариерата и животот, многумина веќе претпоставуваат дека и Цеца одвај чека да го запознае новиот зет.

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Оливера Гудељ

Новото момче на Анастасија има уште еден брат, Драгиша, кој е помал од него и исто така успешно го чекори својот фудбалски пат, а нивната сестра Вања, која исто како и постарите браќа избра спорт, е тенисерка.

Колку Немања е поврзан за своето семејство најмногу зборуваат неговите фотографии на кои тој ужива со нив.

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Бонус галерија

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Семејството Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Вања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Вања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Вања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Вања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Вања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Вања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Вања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Вања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Вања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Вања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Вања Гудељ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button