Погледнете каква убавица е кумата на Анастасија – ПРИРОДНА И ПАМЕТНА, девојка што одзема здив
Млада дама со две факултетски дипломи
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот на Севиља, Немања Гудељ, го изговорија судбинското „Да“
Првата фотографија од тајната и интимна церемонија исплива на социјалните мрежи и ги воодушеви сите.
Кума на Анастасија и беше нејзината најдобра пријателка, актерката Тара Милутиновиќ, а оваа одлука таа одамна ја има донесено.
Фото: Инстаграм
„Таа (Тара) е мојата најдобра другарка. Утре ќе ми биде и кума на венчавката. За неа не ми е тешко ништо да направам. Се знаеме и се дружиме од мои 12 години“, раскажа во една пригода Анастасија.
Маркетинг
Фото: Инстаграм
Инаку, Тара е млада актерка која пред неколку години прв пат се појави на филмското платно (младата актерка има глумено и во популарната серија „Тајната на виновата лоза“), а малкумина знаат дека му е внука на легендарниот српски фудбалер и тренер Велибор Бора Милутиновиќ, но и дека има завршено два факултети.
Оваа млада дама најпрво дипломираше на Економскиот факултет, а откако сфатила дека глумата е она во што најмногу ја привлекува, таа заврши и Факултет на современи уметности.
Како изгледа оваа убавица погледнете во продолжение…