Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете каква убавица е девојката што му го украде срцето на МАКЕДОНСКАТА Гранд ѕвезда – таа е неговата судбина!

Реклама

Пејачот долго време ја криеше оваа убавица…

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

По шеријатската венчавка познатата Гранд ѕвезда подготвува луксузна свадба во Македонија – ова се деталите…

Македонската Гранд ѕвезда Ален Хасановиќ иако јавно многу ретко зборува за својот приватен живот, а уште помалку објавува фотографии од љубовниот живот, ги изненади сите кога објави дека се оженил. Веста тогаш одекна како бомба, а венчавката помина по шеријатски обичаи во кругот на семејството, додека свадбата ќе биде оваа пролет.

Фотографии од церемонијата тогаш ги преплавија социјалните мрежи, па сега сите се нестрпливи да ја видат и нивната свадба.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Имено, Ален и неговата избраничка Аида Цако веќе се заколнаа пред Бога, а на 29 април ќе направат и свадба во Тетово.

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Како што самиот Ален откри за медиумите, тие се венчале според шеријатски обичаи минатиот ноември и уште тогаш ја закажале свадбата. Таа ќе се одржи во голем ресторан во близина на Тетово и очекуваат околу 400-500 гости, а ја замислуваат како голема, луксузна свадба.

Маркетинг

„Верувам во судбината, а што се однесува до мене и сопругата тоа беше баш судбина“, изјави неодамна Ален за својата сакана.

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Тој сега објави и една заедничка фотографија на социјалните мрежи од која може да се види дека ужива во бракот.

„Мојата сопруга често ме следи на настапи, ми помага доста, вклучена е и во снимањето на новите песни и спотови. Често го дава своето мислење бидејќи таа е во тој свет, слуша светска музика, морам да ја слушам“, изјави Ален неодамна за „Гранд.онлајн“ и откри како ја запросил саканата.

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Имено, запросувањето се случи во еден хотел и тоа на нејзиниот роденден, со што Ален ја покаѓа својата романтична страна:

„Тоа го подготвував пет-шест дена активно. Секој ден организирав милион работи околу хотелот и сé, на крајот испадна сé како што треба. Знаев дека ќе се согласи, го испитав тоа порано, така што го знаев одговорот“, изјави шармантниот пејач пред неколку недели за споменатиот портал.

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button