Погледнете каква убавица е девојката на Македонецот што беше исфрлен од „Гранд ѕвезди“
Младиот пејач од Македонија, Адам Лабунски, подигна голема прашина заради инцидентот во хотелот во кој беа сместени учесниците од „Гранд ѕвезди“.
Тој беше исфрлен од музичкото шоу, но на социјалните мрежи продолжи да предизвикува внимание со својата појава.
Тој посебно ги радува претставничките на понежниот пол меѓу фановите на социјалните мрежи со своите објави.
Имено, Адам не ретко знае да објави фотографија на која во преден план е неговото мускулесто тело.
Но за жал на многу претставнички на понежниот пол, Адам веќе некое време има девојка во која е лудо заљубен.
Тие двајцата не ретко објавуваат заеднички фотографии од кои можеме да видиме дека неговата девојка изгледа прекрасно.
Тие на фотографиите изгледаат заљубено, а не ретко преку социјалните мрежи знаат и еден на друг да изразат љубов.
Погледнете како тие изгледаат во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Адам Лабунски
Проблемите на Лабунски
Инаку, Адам откако беше исфрлен од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ ретко се појавува во медиумите. Тој предизвика контроверзи и кога неговиот татко, познатиот музичар се скара со Ѓорѓе Давид.
Имено, по проблемот што неговиот татко го направи уште во вториот круг, влегувајќи во расправа со Ѓорѓе Давид, Адам сепак успеа да влезе и во третиот круг од шоуто. Но и покрај тоа што неговиот татко се извини, Марија Шерифовиќ ги шокираше сите кога во еден момент преку социјалните мрежи извести дека нејзиниот кандидат е исфрлен од шоуто.
„Со ова сакам да ги извести сите луѓе кои го следат Гранд ѕвезди дека натпреварувачот Адам Лабунски (на кого му бев ментор), е дисквалификуван за несоодветно однесување од конкуренцијата од страна на продукција. Набргу ќе ви соопштам кој од кандидатите кои беа неправедно отпуштен ќе се врати во игра, и на кого ќе му го дадам мојот златен глас “, напиша тогаш таа на нејзиниот профил.