Јавноста не престанува да зборува за љубовната врска на популарниот актер Лазар Ристовски и неговата 39 години помлада партнерка Аница Лазиќ.
фото инстаграм/Аница Лазиќ
Лазар Ристовски и неговата емотивна партнерка и колешка Аница Лазиќ ја заинтригираа јавноста со својата необична љубовна приказна.
фото инстаграм/Аница Лазиќ
Младата актерка е се поактивна на социјалните мрежи, а секоја нејзина објава привлекува огромно внимание.
Аница сега на својот Инстаграм профил објави фотографија од која започнаа бројни шпекулации дека таа и Лазар се вериле.
фото инстаграм/Аница Лазиќ
Имено, на фотографиите на споменатата мрежа актерката позирала легната, а во преден план е прстенот на нејзината рака поради кој многумина помислија дека се работи за веренички.
Лазиќ сподели уште една фотографија на која покажа како се опушта со слатки.
фото инстаграм/Аница Лазиќ
Недела е за колачиња со најблиските!“, напиша Аница Лазиќ на споменатата мрежа.
Инаку Аница Лазиќ која е скоро 40 години помлада од Лазар и многумина не ја оправдуваа нивната врска.
фото инстаграм/Лазар Ристовски
Српскиот актер Лазар Ристовски (70) кој во февруари 2022 се разведе од сопругата Даница по 42 години брак, повторно пронајде љубов. Тој веќе некое време е во врска со Аница Лазиќ (31), која е 39 години помлада од него.
фото инстаграм/Лазар Ристовски
Парот работеше заедно на серијата „Дрим тим“, и откако се појавија шпекулации во српските медиуми, Ристовски потврди дека се во врска.
фото инстаграм/Лазар Ристовски
„Точно е, заедно сме. Не би додал ништо повеќе. Аница ја запознав многу подоцна и нема врска со разводот. Благодарам“, кратко изјави Лазар за Блиц.