Реклама
Home Sweet Home

Погледнете го одблиску новиот луксузен апартман на Дејвид и Викторија Бекам – тука би можеле да поминеме во карантин цел живот!

Реклама

Уф!

Сопружниците Бекам решија да купат нов имот и да издвојат нешто повеќе од 187 милиони долари за стан во Мајами.

Маркетинг

Тие ја одбраа оваа локација заради новиот деловен потфат на Дејвид, а нивниот иден дом е сместен во еден од највисоките градски облакодери во градот.

Покрај луксузниот апартман, Бекамови ќе уживаат и во употреба на заедничкиот базен, теретана, сауна и козметички и фризерски салон.

Маркетинг

Според британските медиуми, Викторија и Дејвид Бекам станаа сопственици на нов имот – луксузен стан сместен во еден од највисоките облакодери во Мајами. Во прашање е зграда наречена „One Thousand Museum” дизајнирана од познатата архитектка Заха Хадид – ова е последниот проект на кој таа работела цел живот. Изградбата на овој навистина специфичен облакодер, кој се протега на 62 ката и висина од 215 метри, беше завршен минатата година.

Бекамови решија да купат нов имот, бидејќи ќе поминуваат сè повеќе и повеќе време на Флорида.

Сопружниците Бекам, придружувани од нивните синови Ромео и Круз и нивната ќерка Харпер, го разгледувале станот минатото лето во потрага по нивниот нов дом. Најверојатно, овој модерен стан ги исполнил сите нивни критериуми, така што тие издвоиле 24 милиони долари.

Достапните фотографии од станот сугерираат дека во прашање модерно украсен стан, со бели и сиви тонови и рафиниран дизајн во ентериерот. Особено шармантни во овој отворен простор се големите прозорци кои овозможуваат навистина зачудувачки поглед на градот. Станот има неколку простории за релаксација и семејно дружење, а има и просторен балкон опремен со модерен асиметричен мебел.

Покрај луксузни апартмани, овој облакодер на горниот кат има и голем заеднички базен со панорамски поглед и место за сончање, а тука се наоѓа и спа, салата за вежбање, фризерски и козметички салон и бар со здрави пијалоци. На врвот е и хелиодромот кој може да му помогне на Бекам да ги избегне несакани средби со папараците.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button