Реклама
Вирално

Погледнете го овој рудник на сол во Полска во кој има езеро, црква и канделабри направени од сол и кои изгледаат нереално (ФОТО)

Реклама

Во близина на Краков, Полска се наоаѓа рудникот на сол Виелицка кој претставува врвно ремек дело од овој вид. Рудникот првпат е отворен во 13 век, а денеска е дел од првата листа на УНЕСКО за културно наследство. И секако со причина.

Рудникот за сол, чија најдлабока точка е 327 метри, има подводни езерца, 2.000 соби и капели опремени со огромни лустери. И ако тоа не е доволно интересно, сето тоа е направено од СОЛ.

Маркетинг

Рудникот не само што изгледа нереално, потсетува повеќе на ниво од играта „Tomb Raider“, отколку дека тука се прозведува една од состојките од животно значење, без која не може да се замисли ниту едно јадење.

Маркетинг

Рудникот Виелицка датира од Средниот вик, и порано бил нарекуван Магнум Сал (Голема Сол). Во 13. век, тој бил најголем извор на сол во земјата, кој бил круцијален за економијата на земјата.

Денеска, тој е еден од главните туристички атракции во Полска.

Во текот на Средниот век кога се експлоатирал рудникот, внатре работеле од 300 до 350 рудари, кои произведувале сол од 7 до 8 тони годишно.

Прв турист, човек кој го посетил рудникот бил Никола Корперник во 1493 година. За да се одбележи овој момент, во рудникот е направена статуа од сол од овој голем астроном и математичар и собата е наречена по него.

Она што е интересно е, дека рударите се уште работат внатре.

„Рударите ги заштитуваат историските делови од рудникот, ги пополнуваат празнините во нејзините историски делови, како и управуваат со протекувањето на вода“. Има многу реновирање што треба да се направи на огромните историски комори, рударски окна и коридори, имајќи во предвид дека 2 милиони посетители годишно доаѓаат за да ја видат оваа комплексна локација од која запира здивот.

Може само да замислат посетителите на оваа огромна поздемна структура, зошто само 2 отсто е достапна за туристите.

Во меѓувреме, коридорите во рудникот за сол всушност формираат лавиринт кој се протега во должина од неверојатни 152 метри.

Има вкупно 9 нивоа и најниското ниво е лоцирано на 326 метри под површината на земјата.

Но Виелицка е само петтиот по големина рудник на сол во светот.

Онтарио е местото каде е лоциран најголемиот рудник на светот, кој се наоѓа на 548 метри под езерото Хурон. Овој рудник Компас Минерал во Годерич е длабок колку што е висока туристичката ЦН кула во Торонто. Втор најголем рудник на сол во светот е Кевра во Пакистан, а на трето место е солениот рудник во Прахова, Романија. Четврти по големина во светот е рудникот Атакама во Чиле.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button