Погледнете го ова необично издание на Спенџарска во кое доминираат неочекувани бои
Јелена Спенџарска во едно од најубавите изданија
Познатата водителка Јелена Спенџарска во последно време многу често не воодушевува со своите модни комбинации, а така беше и со ова нејзино издание.
Имено, таа реши да си поигра со оваа смела боја и избра шик панталони и преубава блуска со која го истакна виткото тело, а целото издание го зачини со шик високи потпетици во две нијанси и кармин во темно црвена боја.
Нејзините фанови се воодушевени од ова издание, па следеа бројни коментари на сметка на нејзиниот префинет дамски изглед на социјалните мрежи.
Инаку виолетовите нијанси се вистински хит веќе неколку сезони, а Јелена очигледно знае како да ги носи. Во продолжение погледнете уште неколку нејзини шик изданија за кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат.
Од еден до десет, со колку би го оцениле стилот на Јелена?