Погледнете го ова впечатливо пролетно издание на сопругата на Љупчо Николовски – највљубениот пар на нашата политичка сцена
Кога е во прашање сопругата на Љупчo Николовски, Андријана, веќе сме навикнати на нејзините интересни модни изданија за каква и да е пригода во прашање.
Младиот политичар од редовите на СДСМ, Љупчо Николовски, веќе две години ужива во бракот со сопругата Андријана.
Тој е горд на фактот што има таква сопруга покрај себе, и за разлика од многу негови колеги, на социјалните мрежи често објавува заеднички фотографии, но и емотивни моменти со неговата поубава половина.
Тој во една пригода под една нивна заедничка фотографија ќе напише следниов коментар со кој ги воодушеви сите.
„Душата на место, срцето исполнето. Со добра мисла деновите се секогаш поубави. Најдете секогаш време за оние кои ви се најмили, кои се тука за вас тогаш кога ви оди сè од рака, но и тогаш кога сте турнати во лоши мисли поради нешто. На крај на денот, за нив живееме. Сакајте се, чувајте се и имајте убав празничен викенд! Ве поздравувам од преубавиот Свети Наум“ напиша Љупчо на својот профил на Инстаграм.
Николовски неодамна сподели и неколку заеднички фотографии од нивната посета на Музејот на современа уметност. Од овие фотографии можевме да ја видиме Андријана во едно малку поинакво издание од она во што ја гледавме досега. Имено, наместо лелеави и елегантни фустани, сопругата на Николовски реши да носи сако и панталони.
Таа целото ова елегантно издание го заокружи со тенки високи потпетици со кои изгледаше одлично.
Посебен печат на целото издание даде нејзината преубава фризура, како панталоните со висок струк.
Фотографиите штом се појавија на социјалните мрежи, дамите веднаш се воодушевија од ова практично и убаво издание.
Па дали ви се допаѓа? Споделите со нас во коментарите!
Инаку, на Андријана пред само неколку дена и беше роденден, па откако доби голем број честитки, се огласи и таа:
„Драги пријатели, ви благодарам за убавите честитки. Посакувам да се остварат и вашите желби. Нека владее љубов во вашите срца и мир во душата. Бидете храбри, бидете одлучни, сакајте повеќе и смејте се погласнo! Љупчи Николовски, ти ја подарувам сета моја љубов“ напиша Андријана на социјаните мрежи.
Фото: Фејсбук/ Андријана Николовска
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Андријана Николовска
Фото: Фејсбук/ Андријана Николовска
Фото: Фејсбук/ Андријана Николовска
Фото: Фејсбук/ Андријана Николовска
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски