Погледнете го новиот дом на Кајли Џенер и Травис Скот за кој „искешираа“ 13.5 милиони долари
Кајли Џенер и Травис Скот купија нова вила која се продаваше по цена од 13.45 милиони долари.
„Во прашање поприлично приватен имот, тие направија одлина зделка. Вилата се продаваше речиси година и пол, вели извор близок до познатиот пар за People Magazin.
Иако и двајцата се доста зафатени и постојано патуваат низ светот, изгледа дека Травис и Кајли сакаат да имаат свој дом во кој ќе имаат семеен мир заедно со нивното бебенце Сторми Вебстер. Луксузната вила на Беверли Хилс наводно има седум спални соби и десет тоалети, а исто така постои и огромен дел од куќата наменет само за гостите.
Погледнете како изгледа нивната вила и дознајте уште неколку интересни детали за неа.
Тие најпрво сакаа само да вложат пари во недвижнини, но најверојатно наскоро и ќе се вселат таму, вели изворот за магазинот.
Кајли неодамна изјави дека планира да има уште деца, а изворот вели и дека потполно се променила откако го родила бебето на кого му е посветена максимално.
Само да потсетиме, Кејли во еден момент беше сопственичка на дури четири вили во близина на Лос Анџелес бидејќи, како што самата тврдеше, сакала да инвестира во недвижнини кои се во близина на нејзиното семејство.
Новиот дом на младата ѕвезда порано бил во сопственост на познатата холивудска актерка Луиза Кари. Направен е во 1970 година, но пред две години целосно е реновиран и сега изгледа потполно модерно.
На првиот кат на оваа двокатница има трпезарија и просторна дневна соба, како и кујна но и вински подрум и семејна соба со камин.
Кујната е направена така што има простор за се’. Се претпоставува дека за храната во ова семејство ќе биде задолжен специјален готвач или некоја од постарите сестри на Кајли, кои дефинитивно се многу поснаодливи во кујната.
На горниот кат се наоѓаат две спални соби, два големи плакара, соба за масажа, мала кино сала и канцеларија. Од спалната соба има прекрасна глетка на градот и океанот.
Куќата има и базен, спа центар, но и дополнителна гостинска соба, простор за вечера во дворот со преубаво опкружување како и гаража со три паркинг места.