Погледнете го емотивниот момент кога Мустафа кој 11 дена беше под рушевините прв пат ќе ја види својата тукушто родена ќерка
Маж помина 11 дена под рушевините, а кога го извадија го доживеа НАЈУБАВИОТ МОМЕНТ во животот…
Емотивната снимка на која се гледа како го извлекуваат Мустафа Авчи (33) од рушевините стана вирална и го заокружи целиот свет.
Мустафа беше спасен заедно со Мехмет Али Сакироглу кои останаа заробени кога се сруши здравствениот центар во Антаки на 6 февруари по разорните земјотреси што ја зафатија југозападна Турција и делови од Сирија и кои однесоа десетици илјади животи.
Мустафа веднаш откако го извлекоа од рушевините, тој од спасителите побра мобилен телефон за да се слушне со братот.
Неговиот брат тогаш во целиот тој кошмар му соопшти и една среќна вест – во домот го чека и неговото бебе.
Мустафа Авчи помина цели 11 денови под рушевините по разорните земјотреси во Турција. Вистинско чудо е како тој преживеа за да биде спасен по толку време поминато под рушевините, а во болничкиот кревет прв пат ја гушна и својата новородена ќерка.
„Кадир, како си, како си брате? Јас сум добро, мислам дека ме носат во болница. Не сум повреден. Што прават моите родители, дали се сите спасени“, прашува Мустафа на снимката која што стана вирална.
Тогаш брат му ќе му соопшти дека го чека и неговото бебе. Потоа на интернет се појавија и фотографии на кои Мустафа приклучен на апаратите и видно изморен, се гушка со ќеркичката Алмиле.
Фотографиите од болницата покажуваат како неговата сопруга Билге прв пат го покажува бебето на таткото.
Авчи ја бакнува својата ќеркичка во главата додека лежи во креветот и се уште прикачен на медицинските апарати.
Фото: Принтскрин/ Хабер Турк
Фото: Принтскрин/ Хабер Турк
Фото: Принтскрин/ Хабер Турк
Фото: Принтскрин/ Хабер Турк
Фото: Принтскрин/ Хабер Турк
Фото: Принтскрин/ Хабер Турк
Фото: Принтскрин/ Хабер Турк
Mustafa Avci proveo je 261 sati ispod ruševina nakon što je zemljotres pogodio jug Turske. Pozvao je svog rođaka da vidi da li su mu roditelji živi. #Turska #Zemljotres pic.twitter.com/HsEWOEGGhh
— Radio Slobodna Evropa (@RSE_Balkan) February 18, 2023