Погледнете го добро прстот до палецот – ако го забележите ова, тогаш имате проблем со Мортoнов прст
Околу 20 отсто од луѓето на светот на нозете имаат втор прст подолг од палецот. Оваа „аномалија” има и свое име – Мортонов прст.
„Ако не чувствувате никаква болка поради подолгиот втор прст, Мортоновиот прст не треба да ве загрижува“, вели хирургот Гери Пични. Но покрај естетскиот проблем, лекарите истакнуваат дека ваквата состојба може да предизвика и здравствени нелагодности. Имено, Мортоновиот прст доведува до претерано притискање на средниот прст што доведува до метатарзалгија, односно болен синдром во подрачјето на предниот дел од стапалата. Константниот притисок на средниот прст кој се случува кај луѓето со Мортонов прст доведува до силна болка при стоење или одење.
Гери додава дека тоа е „наследна аномалија”. „Обувките не се дизајнирани за ваквиот тип на стапала, што може да создаде одредени проблеми, како што се плускавци, фрактура, па дури и појава на трајно свиткана прст“, објаснува хирургот. Затоа важно е добро да ја избирате обувките. Тие мора да бидат повишени и да имаат многу простор кај прстите, што значи дека ќе треба да купувате и за еден број поголеми чевли, но така ќе се спасите од проблеми.
https://www.instagram.com/p/BWasgIaAfK-/?utm_source=ig_embed
Но доколку ви се јават проблеми, ортопедите апелираат да им се јавите, бидејќи добар дел од луѓето чекаат проблемот да помине сам од себе што е погрешно. Во најголем број случаи проблемот се решава со посебни влошки, а кај мал број на случаи потребна е и операција.