Реклама
Home Sweet Home

Погледнете ги најубавите европски замоци во зимска идила

Реклама

Овие места ќе ве остават без зборови

Кога ќе дојде зимата и ќе падне снег, овие места изгледаат како вистинска бајка. Во прашање се познати замоци од кои некои им биле инспирација на цртаните бајките на Дизни, но и места за снимање филмови.

Маркетинг

Погледнете некои од најубавите замоци низ Европа

Фото: Инстаграм

Замокот Елц (познат на германски како Burg Eltz) за наоѓа во близина на реката Мозел помеѓу Кобленц и Трир во западно-германската покраина Рајнска област-Пфалц. Направен е во 12 век и неговиот средновековен изглед е уникатен бидејќи го скокнаа сите војни и е еден од ретките замоци што се наоѓаат на левата страна на реката Рајна кои останале неповредени низ вековите. Колекцијата што може да се види во него се смета за една од најдобрите во Европа, а во рамките на неа се наоѓаат панцири и оклопи, златни и сребрени артефакти, накит, па дури и мебел од времето кога е направен дворецот.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Преубавиот дворец во Лихтенштајн е изграден во 19 век во чест на средновековните витези на место каде што постолел замок во 12 век. Познат е и по камениот мост кој го спојува замокот на врвот на една планина со друга.

Фото: Инстаграм

Дворецот во Кохем е обновен во 1868 година откако Французите во 16 ве го уништија потполно. Прв пат е спомнат во 1130 година. Се наоѓа на рид над реката Мозел, а во него се наоѓа богата колекција од ренесанса и барок.

Фото: Инстаграм

Шверинскиот замок се наоѓа на островот Шверин каде постои веќе 11 векови. Замокот имал најразлични намени – најпрво бил дом на династијата Мекленбург, потоа факултет и музеј, а понекогаш служи и за состаноци на собранието на сојузната држава во која што се наоѓа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button