Погледнете во каков фраер порасна синот на Татјана Лазаревска – фолкерката ужива во Австралија, еве како изгледа сега!
Пејачката повторно ги изненади своите фанови со новиот талент кој го покажа.
Лазаревска досега веќе го потврди својот талент за пеење и музика. Пејачката е една од најпозитивните нс македонската музичка сцена и таа буквално секоја веделба ја прервора во огромна забава.
Со својот извонреден глас, ведрината, веселите песни и нејзината одлична изведба нема гостин кој може да остане рамнодушен и да не стане да игра кога таа пее. Токму затоа е и најангажарината пејачка и во земјава, а секако и во дијаспората.
Кога ќе започне нејзината “Аце, аце” нема човек кој не е на нозе.
Зад себе има многу хитови без кои не може да помине ниту една свадба или семејна прослава.
Тања долги години е во брак со пејачот Новица Василевски.
Тие важат за најскладен пар на естрадата. Секогаш си се поддршка еден на друг и најголема помош за сѐ што треба.
Во потрага по подобар живот за себеси и преф сѐ за децата, тие заминаа да живеат во Мелбурн, Австралија.
Заедно со синовите Стефан и Петар во 2015 година заминаа во далечната Австралија, каде денес судејќи според фотографиите кои ги споделуваат на социјалните мрежи, живеат одлично.
Татјана и Новица пред 18 години си го кажале судбоносното „да“. Сепак, годишнината ја прославија скромно, дома во пижами.
Тие двајца се доказ дека партнер од истата професија може да биде предност, а не мана.
Пејачката редовно споделува фотографии на социјалните мрежи со кои пренесува дел од атмосферата таму, но и од настапите кои ги има.
Семејството никогаш не мирува и кај нив секогаш има причина за славење. Опкружени со дпбро друштво на нивните лица секогаш може да се види само насмевка.
Пејачката на социјалните мрежи се пофали дека имаат нова куќа која е уредена според нивните желби и потреби, и во која често доаѓаат колеги од Македонија.
На популарната фолк пејачка омилено место во куќата и е дневниот престој каде може максимално да се опушти и да гледа филмови, а како што самата изјави во една пригода, за мезето речиси секогаш е задолжен нејзиниот сопруг за кој признава дека одлично се снаоѓа во кујната.
Тања и Новица прсват неверојатна атмосфера каде и да настапуваат, а и покрај тоа што светот се соочуваше со пандемијата, во Австралија бројот на заразени беше многу мал и само на одредени изолирани места имаше болни. Сѐ останато функционираше најнормално. Токму затоа тие имаа настапи во текот на целата година.
Пејачката може да одржи лекција на сите нејзини помлади колешки. За загарантиран удпех на музичката сцена најдобро е да го следат нејзиниот пример.
Тања е пример кој треба да го следи секоја жена. Пејачката изгледа фантастично и покрај тоа што ја гази петтата деценија од својот живот.
На Фејсбук знае да сподели и фотографии во костим за капење и нивните прекрасни плажи.
Таа секогаш добива комплименти за својот изглед.
Пејачката сега покажа на што се должи витката линија на која може да ѝ позавидат и девојките.
Најважното нешто за одржување на линијата секако е вежбањето.
Сега во Австралија има нови рестрикции поради пандемијата, па семејството иѓа повеќе време да поминува заедно.
Татјана го искористи слободното време и за малку спорт.
На фејсбук сподели фотографии на кои се гледа дека игра кошарка во нејзиното маало заедно со својот син.
„Во здраво тело, здрав дух”, стои во опис на фотлграфиите и видеата кои ги објави пејачката.