Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете во какви убавици пораснаа ќерките на Дарко Панчев. А и неговата сопруга се уште изгледа како во најдобрите години

Реклама

Ќерката на познатиот пар заплови во манекенскити води

Помладата ќерка на фудбалската Легенда Дарко Панчев, Марија е мултиталентирана и веќе некое време успешно се занимава и со манекенство, пишуваат нашите медиуми. Таа е вистинска убавица и веќе некое време се остварува во професијата како модел.

Маркетинг

Таа е дел од модното студио „Моделс ин“, а од нејзините фотографии на социјалните мрежи можеме да претпоставиме дека пред неа е успешна иднина како модел.

Фото: Инстаграм

Што се однесува до нејзината постара сестра, Надица, таа ги сака јазиците и студира Германски јазик и книжевност на филолошкиот факултет во Скопје. Како што вели нивната мајка, тие и двете имаат афинитет кон уметностите, односно кон музиката и модерниот танц, а Надица беше во центарот на вниманието и на својата матурска прослава, кога со својот преубав матурски фустан ги воодушеви сите. Имено, принцезата на тато и мамо тогаш едноставно блескаше во малиот бел фустан зачинет со тантела, а комплиментите од пријателите не престануваа да се редат под фотографиите што Надица тогаш ги објави на социјалните мрежи.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

Инаку, Маја и Дарко се во брак веќе подолго време и животот го живеат мирно и без скандали.

Фото: Фејсбук

Нивните две ќерки ги носат имињата на своите баби, Надица, по мајката на Дарко и Марија по мајката на Маја.

Фото: Фејсбук (маја Гроздановска Панчева)

Маја пред само неколку дена го прослави својот роденден, а судејќи според нејзините фотографии таа се уште изгледа беспрекорно, како времето за неа да не постои.

Фото: Инстаграм

Панчев е поранешен југословенски и македонски фудбалер кој се смета за еден од најголемите македонски фудбалери на сите времиња. Своите фудбалски почетоци ги бележи во ФК Вардар Скопје во младинската школа на истоимениот клуб. Уште на самиот почеток од својата фудбалска кариера ги изразил своите напаѓачки атрибути. Од 1982 до 1988 година играл за својот матичен клуб, а откако ќе ги забележат неговите одлични голгетерски способности ќе му се отвори нов хоризонт кон неговата кариера и тоа во гигантот Црвена Ѕвезда, тик за кој играше четири години.

Принтскрин

Панчев ја освои златната копачка за најдобар напаѓач во Европа со 34 постигнати гола на црвено-белите, а воедно дал голем придонес за освојување на лигата на европските шампиони во 1991 година. Во тие моменти доживеал светска слава и имал одлични понуди од неколку светски гиганти но тој се одлучува да стане нов член на Интер Милано. Но за жал во миланскиот гигант повеќе ќе добие репутација на личност за која се интересираат папараците и комерцијалните компании. По неуспешната одисеја во Интер Милано преминал во уште неколку европски клубови како Локомотив Лајпциг, Фортуна Диселдорф и ФК Сион кога во 1997 година на само 32 години ја завршил невпечатливо својата кариера.

Фото: Инстаграм

Денес Панчев живее во Скопје и води мирен живот. Откако се врати во својот роден град, заплови во брачните води со познатата пејачка Маја Гроздановска-Панчева и со неа ги доби своите две ќерки, Надица и Марија.

Фото: Фејсбук (маја Гроздановска Панчева)

Поврзано

Back to top button