За време на фудбалскиот натпревар меѓу Англија и Норвешка, Дејвид пред неколку илјади луѓе ја бакнуваше ќерката Харпер (7) во уста.
Заедно со бабата Сандра, семејството на Бекам прославуваше со англиските фудбалерки, кои го освоија полуфиналето на Светскиот куп во Франција победувајќи ја Норвешка во Ле Авр со 3:0.
„Уф, колку е ова одвратно? За вакво однесување би давал парични, а можеби и затворски казни. Отсекогаш ми се гадело од родителите што го прават тоа со своите деца“, се само некои од коментарите на „Твитер“.
Многумина сметаат дека Бекам претерал и дека фотографијата ги преминала сите граници на човечките вредности, морал и етика.
„Ова е за во затвор“, напиша еден корисник на Твитер.
Инаку, покрај Дејвид, и неговата сопруга Викторија Бекам, исто така, сите свои деца ги бакнува во уста.