Наши ѕвезди

Повторно шок – на Дарко Лазиќ му откажал бубрегот. Мора итно на операција!

Advertisement

Не ја почитувал терапијата препишана од докторите

Advertisement

Пејачот Дарко Лазиќ наскоро ќе мора да направи уште две операции. Како што пренесуваат српските медиуми, на Дарко докторите ќе мора да му го отстранат едниот бубрег поради повредите со кои се здобил во стравичната сообраќана несреќа, по што престанал да функционира.

По несреќата еден од двата бубрези остана дисфункционален, но докторите не интервенирале надевајќи се дека нема да му пречи и дека нема да има компликации. Но бубрегот сега предизвикува проблеми во организмот на Дарко, така што мора итно да оди на операција, пишува белградскиот Скандал.

Операцијата ќе мора да ја направи што поскоро, но тој се однесува потполно неодговорно кон своето здравје. Не оди редовно на задолжителните терапии и контроли, а и неговото стапало се уште не е закрепнато иако докторите беа убедени дека ќе се регулира за ова време.

Advertisement

„Дарко воопшто не го чувствува стапалото и не може да застане на него. Да ги слушаше советите и инструкциите на докторите, и да одеше на терапија и физикални вежби, тоа досега сигурно ќе беше решено, но тој правеше сé спротивно на она што го советуваа докторите“, пишува Скандал.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button