Реклама
Култура[тор]

Повторно се снима серијата Беверли Хилс 90210 и тоа со актерите од оригиналната постава

Реклама

Омилената серија се враќа на мали екрани!

Култната серија од 90-тите години, што со снимање започна во 1990 година и траеше до 2000-та, го следеше животот на група пријатели во Лос Анџелес кои живеат во елитната населба Беверли Хилс за време на средната школа и факултетот, па се додека да станат возрасни личности. Брендон, Бренда, Дилан, Кели, Стив, Андреа и останатите на многумина им го одбележаа детството и тинејџерските денови, а наскоро ќе добиеме увид на она што сега се случува во нивните животи.

Маркетинг

Радиодифузерот Фокс најави рестартирање на популарната серија и најави дека повторно ќе ги гледаме познатите лица – Џејсон Присли, Џени Гарт, Габриел Картерис, Брајан Остин Грин и Тори Спелинг. Иако не се познати сите детали, нарачани се шест епизоди кои ова лето би требало да го видат светлото на денот.

Серијата веќе предизвика голема заинтересираност, а во продолжение погледнете ја најавата …

Маркетинг

https://www.youtube.com/watch?v=OdEKOwvldZ4

 

 

Поврзано

Back to top button