Повторно СЕ СЛАВИ во домот на Мариан Стојаноски: Сопругата соопшти УБАВА ВЕСТ – честитките не престануваат да се нижат
Голема среќа во семејството на популарниот пејач, честитки пристигнуваат од сите страни.
Иако веќе извесно време не е дел од македонската јавна сцена, попуарноста на Марија Стојаноски не згаснува и публиката и понатаму го памети.
Долго време е повлечен од јавниот живот и медиумите, посветен е максимално на својата професија и семејството.
Момчето кое кон крајот на 90-те уживаше голема популарност и кршеше женски срца, сега ужива во мирен и спокоен живот, далеку од очите на јавноста.
Јавната професија подразбира целосна изложеност на приватниот живот, јавните личности често се и мета на критики, но тоа воопшто не го поколеба и не направи да се откаже од неговата голема љубов – музиката.
Тој на македонската музичка сцена се појави во исто време со најдобриот македонски пејач Тоше Проески и не само што му беше сограѓанин и школски другар, туку многумина експерти во тоа време на почетокот на нивните кариери сметаа дека Маријан е еднакво талентиран и квалитетен вокал како и Тоше, па затоа и на обајцата им предвидуваа блескава кариера.
Можеби малкумина знаат, но денес тој работи во Македонската опера и балет и приватно е исполнет.
Активен е и на социјалните мрежи, каде често тој и неговата сопруга споделуваат семејни фотографии.
Неколку години е во брак со Наташа Каранџулоска од Охрид.
Плод на нивната љубов се ќерката Вероника и синот Петар.
Според она што можеме да го забележиме од социјалните мрежи, во нивниот дом секогаш е весело.
Овој пат тие имаа уште една причина за славење.
Пејачот славеше роденден, па на неговиот ѕид на Фејсбук се нижеа честитки.
Но, најубавата и најдрагата честитка секако е честитката од неговите дечиња.
аташа сподели фотографии од Вероника и Петар кои во рацете држат лист со пораката до нивиот татко.
„Среќен роденден тато. Те сакаме“, пишува на листот.
Во опис на фотографиите Наташа напиша:
„Среќен роденден на мојата љубов, таткото на моите деца и чуварот на моето срце
Те сакам љубов моја !“
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски